Македонија
Изработиле лажни платежни картички и купувале низ скопските продавници
Двајца Скопјани заработија кривични пријави за изработка и употреба на лажни платежни картички.
Двајца Скопјани заработија кривични пријави за изработка и употреба на лажни платежни картички.
Лицето Б.К. минатата година преправил две фалсификувани платежни картички кои што со Г.К. ги употребиле како вистински на ПОС терминали инсталирани во повеќе продажни места во Скопје.
На сопствената оригинална платежна картичка издадена од домашна банка, како и на друга фалсификувана платежна картичка Б.К им вметнал податоци од платежни картички сопственост на странски државјани, кои ги обезбедил нелегално.
Потоа заедно со Г.К. во повеќе скопски продавници купувале, претежно техничка стока (мобилни телефони, преносен компјутер, камера, фотоапарат), но и прехранбени производи и цигари.
Притоа, како што соопштуваат од МВР, успеале да извршат девет успешни нелегални трансакции се во вредност од 162.414 денaри. Покрај ова извршиле исто толку неуспешни трансакции во износ од 356.376 денари.
Единицата за компјутерски криминал при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против двете лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “изработка и употреба на лажна платежна картичка“. крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонскиот концепт: Ја осудуваме изјавата на Костадин Костадинов и бараме да ја признае реалноста
Македонски концепт најостро ја осудува „неодговорната и провокативна“ изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет, велат од Македонски концепт.
„Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.
Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа“, се вели во соопштението на Македонски концепт.
Од таму додаваат дека остануваат посветени на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.
Македонија
(Видео) СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата, рече Петрушевски
„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.
СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.
СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.
Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.
Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.
Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.
Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.
ПР