Македонија
Груевски го посети селото Љубин и вети помош во инфраструктурата

Премиерот Никола Груевски денеска го посетископското село Љубин, каде живеат околу 2.000 Бошњаци и Албанци
Премиерот Груевски заедно со министерот за образование и наука Никола Тодоров, со пратеникот Авдија Пепиќ и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, го посетија селото во кое врши доградба на училишната зграда. „ Ова село е пример не само за соживот туку и за самопридонес. За многу работи имаат собрано средства и заеднички изградено“, изјави Груевски. Тој го посети училиштето, чија зграда е во фаза на доградба и каде се воведува настава на бошњачки јазик од прво до деветто одделение. „До скоро тука се одвиваше настава само до четврто одделение. Владата ќе даде свој придонес и со опремување, компјутери, клупи, табли… Ќе се обидеме да помогнеме и во други работи како изградба на патот, иако тоа е во надлежност на локалната самоуправа“, рече Груевски. Министерот за образование Тодоров изјави дека откако училиштето во Љубин ќе се догради, наставниот кадар од училиштето во Сарај ќе биде повлечен. Во ова училиште сега учат шеесетина деца, додека вкупно, по доградувањето настава ќе посетуваат 160 деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.