Свет
Средба Медведев-Лукашенко

Претседателите на Русија и Белорусија, во градот Сочи на црноморското крајбрежје, денес оствариле средба на која се разговарало за економско-билатералните односи
Минатата недела, Александар Лукашенко, на поканата на неговиот руски колега изјавил дека ќе покрене „широк спeктар на комплексни прашања“ во билатералните релации во разговорите со Дмитриј Медведев.Релациите меѓу двете поранешни Советски републики и соседи, кои неколку години се обидувале да ја формираат нивната меѓусебна унија, се смениле по серијата економски и политиски несогласувања, вклучително руските енергетски набавки и колебливоста на Лукашенко да потпише договор за формирање на пост-Советска сила за брза реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Принцот Хари остана без телохранител, ја загуби правната битка и сега мора да плати речиси 2 милиони евра

Принцот Хари ја загубил правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.
Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.
Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.
Неговите адвокати тврдеа дека неговиот живот е во опасност поради немањето соодветна заштита.
Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.
Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна заштита како во периодот пред да ги напушти кралските должности.
Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Обединетото Кралство.
Свет
Украинскиот парламент на 8 мај ќе гласа за ратификација на договорот за минерални суровини

Украинскиот парламент на 8 мај ќе одржи гласање за ратификација на договорот за рудно богатство потпишан со Соединетите држави на почетокот на оваа недела, изјави претставникот Јарослав Железниак.
На два од документите поврзани со договорот нема да им треба одобрување од парламентот.
Вашингтон и Киев во средата потпишаа договор со кој на САД ќе им се обезбеди повластен пристап до нови инвестиции во експлоатација на природните ресурси на Украина, како и финансирање на инвестиции во обновата на Украина.
Свет
Тимот на Трамп подготви опции за зголемен притисок врз Москва

Американските власти подготвија голем број опции за зголемување на економскиот притисок врз Русија, бидејќи Владимир Путин сè уште одбива да се согласи на прекин на огнот, според извори запознаени со ова прашање.
Извори кои разговараа за Блумберг забележуваат дека Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука и дека дипломатските напори се уште траат. Детали за можните мерки не се соопштени.
Киев и неговите сојузници веќе некое време ги повикуваат САД да го зголемат притисокот врз Москва, вклучително и проширување на санкциите за рускиот енергетски сектор и приходите од нафта, за да го принудат Путин да преговара.