Македонија
Има ли политички дијалог и политичка култура?
За власта постоењето на политичка критика или политичко соперништво незначи дека не постои политички дијалог, додека пак опозицијата смета дека во земјава ужасно е деградиран политичкиот дијалог.
„Политичката култура и дијалогот: сегашна состојба, последици и решенија“ беше темата на денешната дебата во организација на НВО Цивил. на која присуствуваа претставници од политичките партии, претставници на меѓународната заедница и претставници на граѓанскиот сектор.„Ова дебата денес е најдобриот демант за оние што имаат црно-бела слика за политичкиот дијалог и култура во република Македонија, дека истиот не постои.Јас мислам дека и покрај тоа што може да се каже дека тој не е совршен , и покрај некои недостатоци има солидно ниво на политички дијалог и ниво на политичка култара, која што од година во година сметам дека се унапредува“, истакна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.Клучната институција според Милошоски е каде што политичкиот дијалог треба да продолжи и да биде продуктивен е Собранието на Република Македонија.„Во Македонија денес, во споредба со Македонија од пред пет или десет години имаме посилен и поинтензивен политички дијалог.Политичкиот дијалог и неговиот квалитет немора да бидат негирани или да бидат окфалификувни како непостоечки само затоа што нивниот интензитет има поголема критика и поголема политичка жестина помеѓу главните политички тежи. Тоа е целта на еден политички дијалог. Постоењето на политичка критика или политичко соперништво незначи дека не постои политички дијалог“, рече Милошоски.Според Тахир Хани од ДУИ политичкиот дијалог во Република Македонија е на пристојно ниво.„Како треба да изгледа еден политички дијалог ни покажува имплементацијата на охридскиот договор. Пред охридскиот договор во Република Македонија постоеја длабоки непремостливи контрадикции за меѓуетничките односи. Политичката дебата и политичката култура после договорот мислам дека е многу добар модел за изнаожање и на други политички решенија“, смета Хани.Гордан Георгиев од СДСМ рече дека во Република Македонија постои ниско ниво на политичка култура.„Имаме демократија која е убиена во поим, а тврдам дека политичката култура доажа од највисокото ниво на ешалоните“, истакна Георгиев.Тој смета дека во политичкиот дијалог треба да постои фер договор и да се воведат нови зборови во политичкиот дискурс.Имер Алиу од ДПА пак рече дека тоа што го бојкотираа Собранието со нивното напуштање на парламентарните клупи не значи дека тие излегле од политичката култура и дека ги напуштиле европските вредности.Евроамбасадорот Ерван Фуере укажа дека лидерскиот дијалог е од големо значење за Република Македонија.„Ние сме уверени дека состанувањето на водачите на партиите треба да биде не само во времиња на криза, туку да биде редовен составен дел на демократскиот процес. Ако тоа биде така тогаш ќе добиеме атмосфера на многу помалку конфронтација во општеството. Тоа помага да се обезбеди едно ниво на дијалог кое промовира поотворени релации помеѓу сите политички фактори“, подвлече Фуере.Тој апелираше дијалогот меѓу политичките лидери да се интензивираи ситиот да се согледа како составен дел на нормалниот демократски процес.„Зачестениот дијалог меѓу политичките лидери ќе креира едно многу попозитивно опкружение кое ќе води градење на консензус за постигнување на политичките цели“, уакажа Фуере.Тој заклучи дека од витална важност за остварување на историските цели е консензусот меѓу политичките партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

