Спорт
Историска победа за Фарар на „Тур д`Франс“
Американскиот велосипедист Тајлер Фарар, со доминантен спринт во самата завршница, е победник на третата етапа на „Тур д Франс“. Жолтата маичка по три извозени етапи ја задржа Норвежанецот, Тор Хусховд.
Американскиот велосипедист Тајлер Фарар, со доминантен спринт во самата завршница, е победник на третата етапа на „Тур д Франс“. Жолтата маичка по три извозени етапи ја задржа Норвежанецот, Тор Хусховд. Како втор низ целта, на 198 километри долгата етапа од Олон сур Мер до Рендон, мина Роман Феи од Франција, додека третото место го освои Шпанецот Хосе Хоакин Рохас. Рохас по три етапи ја понесе зелената маичка, за најдобар спринтер на трката. Тајлер стана првиот Американец кој победи на годинешното издание на Трката околу Франција, а до победата стигна на националниот празник 4.јули. Бранителот на титулата на „Тур д`Франс“, Алберто Контадор по три етапи доцни повеќе од една и пол минута и се наоѓа на 69-то место во вкупниот поредок. Неговиот најголем конкурент Енди Шлек се наоѓа на осмото место со четири секунди послабо време од лидерот Хусхвуд. Утре на „Тур д`Франс“ ќе се вози четвртата етапа, таа е со должина од 172,5 километри од Лориен до Мур де Бретањ. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.