Македонија
Бесплатни прегледи за Светскиот ден на срцето
Бесплатни лекарски прегледи, мерење на крвниот притисок и совети од кардиолог денеска ќе можат да се добијат во Градскиот парк во Скопје од 10 до 14 часот, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на срцето
Прегледите со поддршка на Институтот за јавно здравје ќе ги обезбедат Баер Фарма и Клиниката за кардиологија, а ќе се даваат пред платото на Школката во парк.Пораките кои денеска ги испрати Светсктата здравствена организација, по повод 27 Септември – ден на срцето се: биди физички активен, храни се здраво, посетувај го редовно матичниот лекар, грижи се за своето срце.Ваквите пораки имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за превенција со што би се намалил бројот на смртните случаи и инвалидноста заради кардиоваскуларните заболувања.Кардиоваскуларните заболувања (КВБ) се прва причина за смрт ширум светот – секоја втора секунда умира по едно лице. Се проценува дека во 2005 година од КВБ починале 17,5 милиони лица. Оваа бројка во 2015 година се очекува да порасне до 20 милиони.Околу 80 отсто од смртните случаи се јавуваат во ниско или средно развиените држави наспроти верувањето дека срцевите заболувања се проблем само на „богатите земји“. Истражувањата покажуваат дека се почесто заболуваат лицата под 65 години кои се во најпродуктивниот период од животот.Главни фактори на ризик се пушењето, лошата исхрана и недоволната физичка активност, а како дополнителни се сметаат стресот и прекумерната телесна тежина.Физичката неактивност го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања за 1,5 пати, додека зголемената консумација на овошје и зеленчук три до пет пати во денот го намалува ризикот од коронарна срцева болест до 17 отсто.Болестите на циркулаторниот систем се приоритетен здравствен проблем и во Македонија. Подолго од 60 години тие се водечка причина за смрт на населението. Во 2007 година се регистрирани околу три милиони сцреви болни што претставува морбидитет од 1.543 болни на 1.000 жители. За споредба, во 1975 година бројот на починати од КВБ бил 4.714, а во 2007 изнесувал 11.311.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Појава на магла и намалена видливост во околината на Дебар
АМСМ информира дека во околината на Дебар има појава на магла и намалена видливост до 50 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.

