Свет
Нетанјаху бара нови формули за мир на Блискиот исток

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху смета дека за да се реши израелско-палестинскиот конфликт потребо е да се изнајдат нови формули, пренесува Бета
„Треба да извлечеме поуки од 17-годишните преговори и овој пат, за да успееме, мора да осмислиме нови формули и да изнајдеме ефикасни решенија за комплицираните проблеми “, вели Нетанјаху и додава дека израел би сакал да се постигне историски договор со Палестинците, со кој би биле сочувани интересите на Израелците, особено во областа на безбедноста. Нетанјаху најави и дека повеќе други арапски земји се подготвени да се вклучат во мировниот процес со Израел. Израелскиот премиер и палестинскиот претседател махмуд Абас во четвртокот во Вашингтон започнаа директни мировни преговори, кои претходно беа во застој повеќе од 20 месеци поради продолжувањето на изградбата на еврејски населби на палестинска територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напади во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за извршување на два антисемитски напади во клучните градови Сиднеј и Мелбурн.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Газа во октомври 2023 година, австралиските домови, училишта, синагоги и возила беа цел на антисемитски вандализам и палење, пишува „Ројтерс“.
„Австралиската безбедносна агенција собра веродостојни разузнавачки информации дека иранската влада наредила најмалку два напади“, изјави Албанезе на прес-конференција.
„Иран се обиде да го прикрие своето учество, но ASIO верува дека стои зад нападите врз „Луис Континентал Кујн“ во Сиднеј на 20 октомври минатата година и синагогата Адас Израел во Мелбурн на 6 декември“.
Австралиската безбедносно-разузнавачка организација додаде дека е веројатно дека Иран наредил дополнителни напади.
„Ова беа вонредни и опасни акти на агресија оркестрирани од странска држава на австралиска почва“, рече Албанезе. „Ова беа обиди за поткопување на социјалната кохезија и сеење раздор во нашата заедница“.
„Австралија ја суспендираше својата амбасада во Техеран и сите дипломати се безбедни во трета земја“, рече Албанезе, додавајќи дека неговата влада ќе ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.
Свет
Трамп најавува преименување на Пентагон: „Веројатно, за околу една недела“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес посочи дека неговата администрација веројатно ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна во наредните денови.
Трамп рече дека официјалните лица веројатно ќе го вратат Пентагон на неговото постаро, поагресивно име за околу една недела. И тој и министерот за одбрана Пит Хегсет, постојано се жалат на промената на името што се случи по Втората светска војна, објавува Politico.
Министерството за војна постоеше од 1789 до 1947 година, кога администрацијата на Труман го подели одделот на Армија и Воздухопловни сили и го спои со тогаш независната Морнарица. Поранешниот претседател Хари Труман ја именуваше новата агенција на ниво на кабинет Министерство за одбрана.
Труман имаше намера промената на името да му даде на шефот на Пентагон поцентрализирана власт над одделните гранки на војската, особено Морнарицата, која уживаше значителна независност до крајот на Втората светска војна.
Трамп постојано алудираше на можноста за враќање на старото име во последните недели, нарекувајќи го Хегсет свој „министер за војна“ на самитот на НАТО во јуни и сугерирајќи дека промената е резултат на политичка коректност.
„Ако ја погледнете старата зграда до Белата куќа, можете да видите каде порано беше Министерството за војна. Потоа станавме политички коректни и го нарековме Министерство за одбрана“, рече тој.
Трамп посочи дека ребрендирањето е неизбежно. Но, на Пентагон веројатно ќе му треба одобрение од Конгресот за каква било промена на името, бидејќи министерството е основано со закон стар неколку децении.
„Не сакам само одбрана. Сакаме напад“, рече Трамп во Овалната соба.
Свет
(Видео) Трамп: Путин не беше задоволен што дојде во САД, тоа беше неговата голема отстапка, му благодарам

Американскиот претседател Доналд Трамп денес на прес-конференцијата во Белата куќа изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не е задоволен што доаѓа во САД, но дека потегот е голема отстапка. „Путин не беше задоволен што дојде во САД. Тоа беше голема отстапка и му се заблагодарувам за тоа“, рече Трамп.
Тој додаде дека ги продолжил разговорите со рускиот претседател по состанокот во Алјаска.
President Trump:
Putin wasn't happy about coming to the United States. That was a big concession, and I appreciate the fact that he did. pic.twitter.com/OGD1LG8aVV
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 25, 2025
„Да, сум го направил тоа“, одговори тој кога новинарите го прашаа дали повторно го контактирал Путин.
„Секој разговор со него е добар разговор. А потоа, за жал, бомба паѓа врз Киев или некаде на друго место и многу се лутам“, рече Трамп.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера изјави дека Русија направила „значајни отстапки“ кон евентуален мировен договор.
„Тие препознаа дека нема да можат да инсталираат марионетски режим во Киев“, рече Венс во емисијата „Meet the Press“ на NBC. Тој додаде дека Москва, исто така, ја прифатила идејата за безбедносни гаранции за Украина од идна агресија.
И покрај ова, извори минатата недела за Ројтерс изјавиле дека Путин сè уште бара Украина да го предаде целиот Донбас, да се откаже од членството во НАТО, да остане неутрална и да не дозволи западни трупи да бидат распоредени на нејзина територија, во замена за прекин на офанзивата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека безбедносните гаранции треба да бидат надгледувани од група земји, вклучувајќи ги и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.
Минатиот петок, по разговорите со Путин во Алјаска и самитот во Белата куќа со Зеленски и европските лидери, Трамп се закани со нови санкции против Русија ако не се постигне напредок во рок од две недели.
„Тој се обидува јасно да стави до знаење дека Русија може да се врати во светската економија ако го запре убивањето, но ќе продолжи да биде изолирана ако не го стори тоа“, рече Венс.
Потпретседателот ја наведе како пример неодамнешната одлука на Трамп да воведе дополнителни тарифи од 25 проценти на индиските стоки за купување руска нафта, истакнувајќи дека тоа е модел на економска моќ што може да се користи и против Москва.
Фото: принтскрин