Забава
По Дунав со велосипед
Љубителите на велосипедизмот од цела Европа, имаат можност да учествуваат на велосипедска тура долж реката Дунав од 23 јуни до 27 јуни 2009 година
„Откријте ја Европа во движење“, започнува турата со “По Дунав со велосипед 2009“ Љубителите на велосипедизмот од цела Европа, во организација на Европската комисија, Генералниот директорат запроширување, а во соработка со Европската федерација на велосипедисти. Учесниците ќе имаат можност да возат велосипеди низ пет подунавски земји, доживувајќи ја убавината на една од најважните реки во Европа. Турата ќе ја следи европската подунавска велосипедска патека, којаучесниците ги води низ пет земји, вклучувајќи ги Унгарија, Хрватска, Србија, Романијаи Бугарија.Учесниците може да бираат, меѓу две различни патеки. Една група ќе тргне од Будимпешта, Унгарија, минувајќи низ познатиот Национален парк “Дунав-Драва“. Откако ќе ја минат границата со Хрватска, велосипедистите ќе имаат можност да се релаксираат и одморат на забавниот настан што ќе се одржи во Вуковар. Потоа, Турата продолжува од Хрватска до Бачка Паланка и Нови Сад во Србија, пред да гозапочне последното патување до Белград, Србија.Втората група ќе патува од Букурешт преку Бекет до Орјахово, минувајќи ја романско-бугарската граница. Во Бугарија, велосипедистите ќе возат до убавиот град Видин, каде што ќе учествуваат во прославата на посебен настан заедно со локалното население. Патеката минува низ импресивната Железна порта која ги поврзува Романија и Србија, пред конечно да се упати кон Белград.Двете групи се среќаваат на 27 јуни, во срцето на главниот град на Србија, Белград, близу познатата тврдина Калемегдан, за да го прослават крајот на Турата на јавен настан.Турата по Дунав со велосипед се одржува со цел да се охрабри интегрирањето и дијалогот меѓу луѓето, истовремено подигајќи ја свеста за богатото културно наследство на Југоисточна Европа. Таа е можност да се соберат на едно место лица од цела Европа. Реката Дунав често се нарекува „Кралицана европските реки“ и е моќен симбол за Европа, со нејзината разнообразност на култури и народи. Турата ја зајакнува важноста на преземањето на заедничка акција за заштита на уникатниот еко-систем на Дунав. Секој кој го сака велосипедизмот, се грижи за животната средина и сака да запознае нови пријатели од цела Европа, може да учествува на Турата по Дунав со велосипед.Местата се ограничени и ќе се доделуваат по редослед на пријавување. Пријавувањето започнува од денес и се затвора на 1 мај 2009 година. Учеството во Турата и основното сместување е бесплатно, а учесниците треба да ги платат само патните трошоци.
www.danubebybike.eu/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

