Македонија
Гласање за нов студентски лидер
Без инциденти се одвива засега гласањето за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Без инциденти се одвива засега гласањето за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Според изборните комисии на дел од факултетите каде студентите денеска избираат нов лидер, гласачките места се отворени и изборниот процес минува без проблеми и притисоци.На Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на Економскиот факултет, на кои право на глас имаат околу 9.000 студенти, излезноста до пладне е околу девет проценти, а сличен процент има и на Филозофскиот факултет.Гласачките места на факултетите при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ ќе бидат отворени до 19.00 часот, а резултатите од гласањето за нов студентски лидер се очекува да бидат познати доцна вечерва.Кандидати за нов студентски лидер се Иван Живковски, актуелен претседател на Сојузот на студенти на „Јустинијан Први“ и Иван Сaздовски, студент на Економскиот факултет.Новиот студентски лидер ќе дојде на местото на Самоил Малчески, на кого му заврши мандатот./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Зелениково без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од с.Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково)
Македонија
Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.
Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.
„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.
Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.