Македонија
Браун: Се надевам дека Македонија ќе си го добие заслуженото место во НАТО и ЕУ
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Копенхаген се сретнал со британскиот премиер Гордон Браун и ја искажал целосната подготвеност на Република Македонија да придонесува кон заедничката цел и визија на НАТО во Авганистан
Претседателот Иванов го информирал Браун за допонителниот број војници кои ќе бидат упатени во Авганистан во соработка со националната гарда на државата Вермонт, САД и покрај тоа што Македонија формално не е членка на Алијансата.Сотоа како што истакнал Иванов, Република Македонија ја потврдува својата компактибилност со НАТО стандардите и се однесува како член на Алијансата.Британскиот премиерот Браун искажал благодарност до претседателот Иванов и до Република Македонија за досегашниот ангажман, но и за планираните активности.Тоа е нешто што, како што рекол Браун, Алијансата, сите партнери и посебно Обединетото Кралство го ценат.Браун нагласил дека е запознат со нашите предизвици околу членството во НАТО и ЕУ и се надева дека наскоро Македонија како докажан партнер и на Алијансата и на ЕУ ќе си го заземе заслуженото место.Попладнево шефот на македонската држава ќе се сретне и со претседателката на Финска, Тарија Халонен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УХМР издаде портокалов аларм за снежна бура во Македонија – обилен снег и силен ветер од вечерва
Голема промена на времето во Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ке преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²).
Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег
Во Скопје почнувајќи од денеска во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.
Поради ваквите временски услови УХМР издаде портокалов аларм за најголем дел од територијата на земјава.
Македонија
Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков
Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот, информираат од ЈОРМ.
„Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2 април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст. Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст. Со оглед на тоа, во мај 2024 година, кога Сашо Мијалков добил конечна одлука за условен отпуст, јавниот обвинител воопшто не можел да има никакво влијание врз таквата одлука ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот. Тој надзор го одредува исклучиво Судот и согласно закон (член 255) може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон.
Кога станува збор за предметот “Трезор”, надлежниот јавен обвинител и таму ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. Напротив, на 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост. Позитивно мислење во во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд.
Позитивно мислење на јавниот обвинител за определените гаранции во сосема друга кривична постапка која завршила правосилно со ослободителна пресуда на Апелацискиот суд не може да однесува на мерките потребни за надзор над условниот отпуст за правосилно осудено лице“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.
Македонија
ЗНАМ oчекува опозицијата да предложи нов претседател на Комисијата за социјална политика по интерпелацијата за Даути
„За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, госпоѓа Даути“, велат од ЗНАМ.
„Од вчерашната седница на Собранието на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието. Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“, стои во соопштението на ЗНАМ.
Претходно, Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение појасни дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.
И пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, па и понатаму останува претседател на Комисијата.
Со 61 глас од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ, Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Даути од ДУИ. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.