Свет
САД воведе построга контрола над тутунските производители

Американскиот претседател Барак Обама потпиша закон со кој владата ќе има поголема контрола над производството, продажбата и рекламирањето на тутун
Американскиот претседател Барак Обама потпиша закон со кој владата ќе има поголема контрола над производството, продажбата и рекламирањето на тутунски производи.
Обама, кој започнал да пуши како тинејџер, изјави дека со овој закон ќе се ограничи можноста тутунските компании да ги продаваат своите производи на деца.
„Овие компании со закон ќе бидат приморани јавно и појасно да ги признаваат штетните и фаталните ефекти на производите што ги продаваат„ изјави Обама.
Притоа претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) признал дека и самиот знае колку е тешко да се остави пушењето.
Близу 20 отсто од Американците пушат, а поради болести поврзани со пушењето годишно во САД умираат околу 440.000 лица. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински медицински извори и припадници на цивилната заштита.
Според Министерството за здравство во Газа, најмалку 11 лица загинале во населбата Туфа, во близина на поранешна училишна зграда во градот Газа. Палестинската новинска агенција ВАФА јави дека меѓу жртвите има и деца.
Дополнително, службите за цивилна заштита објавија уште 45 загинати во други области, без прецизирани детали. Според истите извори, десетици луѓе се повредени, но точната бројка сè уште не е официјално потврдена.
Од израелската војска засега нема коментар за нападите и наводите за цивилни жртви.
Министерството за здравство во Газа претходно објави дека вкупно 81 лице било убиено во претходните 24 часа, вклучувајќи ги и жртвите од нападите извршени во петокот.
Со најновите жртви, вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот надмина 56.400, покажуваат податоците од палестинските здравствени власти.
Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.