Контакт

Надворешна политика

Македонија и БиХ се поддржуваат за членство во НАТО

Објавено пред

Македонија и Босна и Херцеговина се две земји кои имаат одлична билатерална соработка, а помеѓу двете држави постојат интензивни контакти на повеќе нивоа кои треба да продолжат.

dobivaj vesti na viber

Република Македонија континуирано ја поддржува Босна и Херцеговина како членка на Партнерството за Мир и ги пренесува искуствата за интегрирање во Алијансата преку редовни експертски консултации помеѓу двете министерства и армии, заклучија на средбата во четврток, министерот за одбрана, Зоран Јолевски и неговата колешка од Босна и Херцеговина, Марина Пендеш. „Напредокот во интегративните процеси кон НАТО до следниот самит ќе значи многу за стабилноста на регионот и просперитетот на регионот и пошироко во Европа. Република Македонија дава поддршка за активирање на МАП процесот во Босна и Херцеговина. Тоа значи многу за Босна и Херцеговина и за нас во регионот“, рече Јолевски.Додаде дека со неговата колешка ја поздравуваат одлуката за покана за членство на Црна Гора во НАТО. „Борбата против корупцијата, борбата против организираниот криминал и борбата против ИСИЛ се само некои од предизвиците со кои се соочуваме. Размената на искуства, едуцирањето на питомци од Босна и Херцеговина во Македонија, соработката и учеството на форумите А5 и Б9 можат многу да придонесат за подобрување на соработката помеѓу двете земји“, рече министерката Пендеш.Таа додаде дека посакува Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ и да стане членка на НАТО. Пример за одличната соработка на Македонија и Босна и Херцеговина во полето на одбраната се редовните учества на претставниците на Босна и Херцеговина во Регионалниот центар за односи со јавност, бројни семинари и експертски средби и повеќето питомци од Босна и Херцеговина кои студираат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија2 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија2 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија3 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет3 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет3 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет4 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија4 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија15 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија16 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија16 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија17 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија19 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија20 часа

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија22 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија23 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија23 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија1 ден

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион1 ден

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет1 ден

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...