Македонија
Антикорупциската бара кривично гонење на Спасеноски
Антикорупциската комисија донесе заклучок за поведување на кривична иницијатива за кривично гонење на поранешниот министер за земјоделство, Ацо Спасеновски, соопшти првиот антикорупционер за аферата со хидросистемот „Злетовица“, Илми Селами.
„Тој издал потврда на конзорциумот Гранит и Бетон за која што претходно јапонската фирма на консултанти кажала дека Силекс неметали не е способна да ги изврши потребните работи на ископ и бушење за потребите за изградба на хидросистемот „Злетовица“.
И покрај таквото мислење на консултантската фирма од Јапонија, министерот неосновано издал потврда дека сепак фирмата Силекс неметали е способна да ги изврши предвидените работи во форма на ангажирање на подизведувач.
Интересен момент е тоа што во времето кога јапонската фирма кажала дека не е способна и една поважните прични е тоа што фирмата „Силекс неметали“ била регистрирана како градежна фирма за нискоградба. Соодветно на она што го поседувале како екипираност, како опременост од аспект на работа за потребите на хидросистемот „Злетовица“ не била способна да ги извршува таквите работи и ние побаравме од минситерството за земјоделие да ни кажат врз основа на што е издадена таквата потврда.
„Не успеавме да добиеме содржаен одговор од нивна страна и затоа имаме основано сомение дека со потпишувањето на таквата потврда всушност е овозможено „Силекс неметали“ неосновано да се ангажира како подизведувач и во тоа својство да прибави имотна корист“ рече претседателот на ДКСК, Илми Селами.
Наспроти комисијата од Министерството излегоа со тврдење дека на комисијата навреме и ги доставиле документите.
Иницијативата ќе биде доставена до јавносто обвинителство.
Спасеноски беше поставен за министер за земјоделие од Социјалситичката партија на Љубисав Иванов – Ѕинго. Во меѓувреме, Спасеновски замина на амбасадорско место во Украина, а јапонците се откажаа од иневстрањето во втората фаза на проектот „Злетовица“.
ДКСК минатата недела го отвори и прашањето за случајот со министерката, Елизабета Канческа – Милевска, која по аферата на опозицијата „Патриотска метла“ изјави дека ги вратила парите за кои ја обвинува опозицијата.
ДКСК отвори предмет од овој случај и побара да достави документи дали, кога и, колку и како ги примила парите. До денеска нема одговр.
Селами соопшти дек ДКСК собира и документи за случајот со министерот за животна средина, Неџати Јакупи и з аовој случај им требаат дополнителни информации и документи./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

