Спорт
ЕП во Кошарка: Германија подобра од Турција

Во натпреварот од 2-то коло од групата Е од вториот круг на мечевите на Евробаскетот во Литванија, Германија ја совлада Турција со 73:67.
Во натпреварот од 2-то коло од групата Е од вториот круг на мечевите на Евробаскетот во Литванија, Германија ја совлада Турција со 73:67. Германските кошаркари предводени од НБА ѕвездата Дирк Новицки освен во првиот дел (6:13, а на полувремето резултатот гласеше 23:26 за Турција) другите три четвртини ги решија во своја полза (17:13, 25-20 и 25:21).Во редовите на победникот најпрецизен беше Крис Каман со 20, додека Новицки постигна 19 поени. Сепак херојот вечерва во Вилнус на Германците беше Филип Шветхелм кој во четвртата четвртина постигна 11 од неговите вкупни 14 поени. Во репрезентацијата на Турција најдобар беше Омер Ашик со 19 поени и 11 скокови. Пред последното коло од мечевите по групи, Германија и Турција имаат по една победа и по три пораза, како и Србија, и сите сé уште имаат шанси за пласман во четвртфиналето. Претходно денеска Шпанија ја декласираше Србија со 84:59 (23-14, 20-18, 27-17, 14-10). Најдобри на теренот беа браќата Гасол, По постигна 26 а Марк 20 поени, додека во редовите на Србија најдобар беше Ненад Крстиќ со 12 поени. Со оваа победа Шпанците пред последното коло во групата коешто ќе се одигра по два дена, си обезбедија настап во четвртфиналето, бидејќи сега имаат три победи и еден пораз. Србија за пласман во следната рунда ќе мора во недела да ја совлада Турција./крај/фиба/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.