Контакт

Свет

Корупцијата е белег на функционерите

Објавено пред

Михајло Маневски, член на Државната комисија за спречување корупција, деновиве ја промовира книгата „Корупцијата во Македонија, превентивни и казнени мерки за спречување“.

dobivaj vesti na viber

Мери Јордановска

Михајло Маневски, член на Државната комисија за спречување корупција, деновиве ја промовира книгата „Корупцијата во Македонија, превентивни и казнени мерки за спречување“. Тој, како поранешен член на Владата и министер за правосудство и управа, отворено зборува за корупцијата во Македонија, која длабоко навлегла во сите пори на општеството. Со конкретни примери и со детални анализи, Маневски одговорно стои пред фактот дека корупцијата е белег на државните функционери, а политичката корупција е основа за корупција во сите други дејности.

* Господине Маневски, како ја оценувате моменталната состојба во државата околу борбата против корупцијата и што недостига кај нас на тој план?

– Кај нас не недостигаат ниту закони, ниту органи за поголема ефикасност во борбата против корупцијата. Прво немавме закони, а кога се донесоа, почнавме да зборуваме дека ни недостигаат специјализирани тела. Кога и тие се создадоа, велевме дека немаме кадри што ќе водат борба со корупцијата. И тоа се надмина, а сега зборуваме за недостиг од политичка волја. Тоа значи дека кај нас всушност не постои волја и желба да се справиме со злото што им нанесува огромни штети на државата и на граѓаните. Законите не можат да бидат само демократски декор дека ние водиме борба против корупцијата со вербални изјави, кога никој не ги гледа резултатите.

* Во книгата наведувате дека најмногу корупција има во судството, политичките партии, здравството, царината и во медиумите. Според истражувањата, Македонија е на врвот според степенот на корупцијата. Што е она што кај нас создава поволна почва за нејзин развој, особено во политичките партии?

– Поранешниот закон не овозможуваше никаква контрола на институциите во финансирањето на политичките партии. Тоа е затоа што во законот имаше одредба во која се вели дека контрола на финансиското работење врши надзорниот одбор. Корупцијата најмногу ја имаше по изборната кампања, со разместувањето на трошоците, со нивното ненаплаќање, користењето пари од фондови и трговски друштва. Однесувањето на тие фондови и друштва јасно покажуваше дека тие финансираат одредена кампања или политичка партија, меѓутоа веруваат дека тоа некако ќе им биде надоместено.

* Дали Државната комисија за спречување корупција има увид во финансирањето на политичките партии и дали повела постапка за одредени нерегуларности?

– Комисијата уште во почетокот се зафати со прашањата за финансирањето на партиите. Се обидовме од секоја партија да добиеме податоци за тоа колку пари потрошиле и дали имало злоупотреба на државните фондови или на парите од јавните претпријатија и буџетот. На овие прашања добивме малку одговори, затоа што државните органи немаа обврска да го следат тоа пред донесувањето на законот. Државата немаше увид во финансирањето на политичките партии и на изборните активности. И за претседателските и за локалните избори од некои структури имаше манифестации дека се трошеле пари што наголемо го надминувале лимитот. Постапка не се поведе, бидејќи партиите имаа обврска по изборите да отворат сметка и да ги евидентираат парите што ги трошат. Сепак, очигледно дека работите не се уредуваат добро и состојбите не се следат. Затоа, политичката корупција е основа за корупција во другите дејности.

* Поминаа неколку години откако државата турна во стечај повеќе претпријатија што ги прогласи за загубари. Се добива впечаток дека Владата не може да најде сериозен инвеститор, додека поранешните вработени се борат за егзистенција. Профитираше ли некој на сметка на тој колапс?

– Моментно сме сведоци на една социјална драма што се случува во Македонска Каменица. Тоа е последица токму на лажниот стечај што беше поништен од Врховниот суд на Македонија, но последиците останаа да ги чувствуваат токму оние што штрајкуваат со глад. Најтрагично е што сето тоа се случува во рударски краишта, кои опустеа поради незаконска приватизација и постапка за стечај. Смислено и во спрега со власта, беа обезвреднети многу значајни стопански субјекти и претпријатија, а за лажен стечај никој не одговараше. Откако ќе стекнеа пари врз основа на кредити и заеми, капиталот смислено се пренесуваше на нов правен субјект, а остануваа само обврските. Приватизацијата на државниот капитал што не е завршен ни по 14 години се одвиваше нетранспарентно и со големи пропусти. Од тој процес на приватизација поединци или одредени лоби-групи толку се збогатија што толкаво богатство други не можеа да стекнат со генерации и со години.

* Постои ли можност допрва да се лоцира одговорноста за одредени структури вмешани во незаконските приватизации?

– Одговорноста за огромниот грабеж на парите од граѓаните се сведе на периферни лица. Главните актери останаа недопрени, и покрај клетвата на тогашниот претседател на Владата Бранко Црвенковски за сечење на главата на октоподот. Не се презедоа никакви сериозни мерки, бидејќи требаше да се почне од врвот на власта, а корупцијата остана белег на високите државни функционери и на јавните службеници.

* Какви се досегашните резултати од постапките против оние што ја злоупотребиле службената положба?

– Кај нас има примери кога еден трудов инспектор од Битола бил фатен како прима поткуп од 50 евра, исто како и полицаец на граничен премин или пак професор што зел 5.000 денари мито од студент. Во кривичното гонење ние немаме поткуп кај високи државни функционери, освен оној поврзан со државниот советник Љупчо Поповски од Министерството за одбрана, за кој има првостепена пресуда. Освен тоа, во земјава нема ниту една пријава за противзаконско посредување, како што е влијанието при вработување. Кривичното дело злоупотреба на службената положба е прво во битката против корупцијата. Од 1995 до 2004 година за злоупотреба биле поднесени пријави против 3.621 лица. Тоа е импозантна бројка, но резултатот е поразителен, бидејќи 75 отсто од пријавите завршуваат неуспешно.

* Има ли некое унифицирано решение што Македонија може најитно да го употреби за да се справи со корупцијата?

– Ако ние не ги гледаме проблемите со отворени очи и не навлеземе во суштината, нема да можеме да се бориме против корупцијата. Не можеме повеќе да ги заташкуваме работите поради интересот на некоја структура или политичка партија. Прво, мора да се прекине навиката по секоја промена на власта да се менува стручниот и носечки кадар на институцијата.

За две и пол години во Дирекцијата за извршување санкции биле сменети 4 директори. Слична е ситуацијата и во Државниот завод за статистика. Очигледно дека најважно прашање што треба да се постави се стручноста и способноста на кадарот што се поставува во државните институции. Второ, државата мора најитно да ги спроведе судските реформи. Ги ценам напорите што ги прават судовите, но очигледно дека и тие се незадоволни, бидејќи нема резултат од нивната работа, а зад тоа има и друга заднина. Колку за пример, пред одредено време застаре една кривична пријава за 123 милиони денари, потрошени од државните стоковни резерви во „Годел“. Пријавата била поднесена во 2001 година, а била отворена дури во мај годинава.

Недопуштено е да застари една кривична пријава за повеќе од 2,5 милиони евра од државните стоковни резерви.

ПРЧЕВСКИ МОРА ДА СОРАБОТУВА

Во јавноста се повеќе јакне угледот на антикорупциската комисија. Имаме поддршка и од јавноста и од медиумите, но за жал некои институции се однесуваат несоодветно. Тие се на врвот на пирамидата и мора да ги координираат институциите што се под нив. Темата за односот меѓу комисијата и јавниот обвинител е многу експлоатирана. Никој нема намера да се меша во работата на јавниот обвинител, но по силата на законот ние мора да соработуваме. Тоа не зависи од волјата на поединецот. Пред неколку дена добивме известување од обвинителството дека по иницијатива на антикорупциската комисија е спроведена истрага за кумановскиот случај со „Бисерка“, па се надеваме дека соработката ќе тргне кон подобро.

ДРЖАВАТА НЕМА СЛУХ ЗА ПОТЕКЛОТО НА ИМОТОТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Во земјава не му се посветува внимание на потеклото на имотот на државните функционери. Државната комисија за спречување корупција поведе дваесетина иницијативи за испитување на имотната состојба на одредени лица, а од нив завршени се само три. Постапката е бавна затоа што нема поврзаност со базата на податоци, а нема ни волја за да се справиме со ова прашање. Имаме ситуација кога поранешни политичари, директори на рудници и пратеници градат огромни станбени објекти и луксузни палати на атрактивни места, а сето тоа не побудува интерес кај органите да проверат од каде потекнуваат парите за тоа. Треба да се испита дали тоа се должи на неплаќање даноци, акцизи или злоупотреба на законите. Се наоѓаме во ситуација на селективност во рушењето на дивоградбите. Кога ќе се обратиме до надлежните, добиваме одговор дека за некои уривања или нема доволно пари или пак тоа рушење не било предвидено за годинава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Жена во Хрватска го уби мажот со нож

Објавено пред

Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.

Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

Прикажи повеќе...

Свет

Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

Објавено пред

Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Објавено пред

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет13 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион15 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет16 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа16 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ17 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија21 час

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ22 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија22 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија24 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија1 ден

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет1 ден

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија1 ден

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион1 ден

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет1 ден

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...