Свет
Вооружени и маскирани ограбиле и претепале таксисти
Во полицијата во Тетово истакнуваат дека таксистите бараат заштита, особено ноќно време, кога се изложени на малтретирања, закани и физички напади
Разбојништва во тетовските села Речица и Палчиште
Во полицијата во Тетово истакнуваат дека таксистите бараат заштита, особено ноќно време, кога се изложени на малтретирања, закани и физички напади
ТЕТОВО – За неполн час во периодот од 2,40 до 3,30 часот по полноќ спроти неделата во два наврати маскирани и вооружени лица нападнале таксисти, ги претепале и ги ограбиле. Во Голема Речица жртва на разбојниците бил А.К. (27) од Тетово, таксист во компанијата “Атааи. Бил повикан да дојде по патници, но на сретсело бил пречекан од три маскирани и вооружени лица. Едниот од нив по сопирањето на автомобилот му вперил пиштол во главата, а другите двајца му побарале пари. А.К. имал 800 денари од дневен промет. Насилниците му ги одзеле, но незадоволни од пленот почнале да го малтретираат. Му го одзеле мобилниот телефон, а потоа се оддалечиле, оставајќи го претепаниот таксист во возилото.
Неполн час потоа сличен напад е регистриран во соседното село Долно Палчиште. По локалниот пат на повик во Синичане да земе патници со такси-возило, сопственост на компанијата “Хакки од Тетово, се движел С.Е. (20) од Тетово. Во близина на селото го сопреле три делумно маскирани лица. Под закана со пиштол разбојниците му наредиле на С.Е. да оди кон селото. Таксистот се обидел да го избегне судирот со тројцата, тврдејќи дека има повик да оди во Сничане, а не во Долно Палчиште. Двајца од тројцата натрапници му влегле во возилото и под закана дека ќе го убијат му го побарале дневниот пазар. Насилно претресувајќи го, му одзеле 1.800 денари и побегнале.
Во Тетово три такси-компании работат преку цела ноќ: ,,Атааи, ,,Хакки и ,,Кралли. Во компаниите велат дека нивните возачи се изложени на големи опасности и тортури. Во полицијата во Тетово истакнуваат дека таксистите бараат заштита, особено ноќно време, кога се изложени на малтретирања, закани и физички напади. Од овие извори се дознава дека во пополноќно време, особено во потшарпланинските села, но и периферните делови на Тетово, крстосувале групи насилници по потекло од Косово.(Г.Е.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

