Регион
Љубовната приказна на Адмира и Бошко трае и 23 години од смртта
Симболот на војната во Босна и Херцеговина и 23 години останува приказната за трагичната смрт на Муслиманката Адмира Исмиќ и Србинот Бошко Бркиќ кои беа убиени на 18 мај 1993 година на Врбањ мост, додека држејќи се за рака се обиделе да побегнат од Сараево.
За нив се напишани стотици статии, снимени се неколку документарни филмови и песни.Мајката на Бошко, Радмила од 1992 година живее во селото Ѓунис, во близина на Крушевац во Србија каде заминала со својот сопруг и постариот син од Сараево, кога почнала војната. Бошко не сакал да бега и останал во Сараево со Адмира.Таа за српски „Блиц“ раскажува дека двајцата се запознале во гимназија и почнале да се забавуваат за Нова година. Заедно биле девет години, а за нивната љубов знаеле сите и никој не ги осудувал затоа што биле од различна националност.Откако семејството на Бошко заминало од Сараево, тој останал кај Адмира, но исцрпени од постојаното гранатирање, стравот од снајперите и криминалците кои навечер вршеле рација, Бошко и Адмира одлучиле да заминат од Сараево. Бошко имал план на Грбавица којашто ја контролирала српската страна да се префрли во хуманитарно движење кое циркулирало меѓу српската и муслиманската територија. „Ни ден дене не знам зошто одлучиле да заминат од Сараево. Бошко имаше доста пријатели муслимани и со никој немаше проблем. Баба ѝ ја молела Адмира да не заминува, дека Србите ќе ја силуваат и ќе ја убијат, но таа била одлучна бидејќи Бошко останал заради нејзе во Сараево“, изјавила Радмила. Но двајцата љубовници не успеале да заминат, биле убиени со снајпери. Безживотните тела лежеле прегрнати на мостот седум дена додека Муслиманите и Србите се обвинувале меѓу себе дека не можат да ги тргнат бидејќи другите пукаат. Биле погребани на 23 мај на Грбавица, а три години подоцна телата се префрлени во Сараево и биле закопани заедно. Се уште не е откриено кој точно пукал и ги убил иако постојат многу сомневања. „Сѐ уште не можам да сфатам што се случило. Народот не сакаше војна. Живеевме убаво не водевме сметка кој од која вера е и националност. Некои поголеми сили го спремија ова“, рекла Радмила./крај/мф
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

