Свет
Грција му се заканува со вето на Исланд поради филм за Македонија
Првата промоција на документарниот филм „Име си е име“ на исландскиот режисер Сигурјон Еинарсон, во кој Македонците се претставени како заложници на своето име, е откажана по силниот притисок на високи грчки дипломати
Тие на исландскиот амбасадор, како што пренесува телевизија Канал 5, јасно му укажале дека Грција ќе направи се за да го блокира пристапувањето на неговата држава во Европската унија доколку дозволи да се прикаже филмот.На првата презентација што требало да се одржи во резиденцијата на амбасадорот на Исланд требало да присуствува и неговиот грчки колега и македонскиот амбасадор во Вашингтон. Инцидентот за телевизијата го потврди режисерот на филмот.„Единствено нешто што амбасадорот сакаше да ми каже е дека бил контактиран од грчките власти и тие направиле нешто со што навистина го уплашиле да го прикаже филмот. Исланд е во многу специфична позиција. Земјата е под голем притисок и и е потребна помош од меѓународната заедница и Грција го знае тоа и го искористува да ги принуди да се откажат од неговото прикажување“, изјави Еинарсон за Канал 5. Еинарсон истакна дека инцидентот нема да го поколеба во натамошното презентирање на филмот и оти планот е тој да се прикаже на меѓународниот пазар. “Ова беше само првото прикажување. Знам, дека Грците се многу љубопитни за овој филм и не сакаат да се објави“, вели Еинарсон.Во филмот „Име си е име“, исландски патеписец ги прикажува убавините на Македонија, но тој ја согледува и вистината за оваа земја преку нејзините луѓе и нејзиното историско и културно природно наследство. Фокусот на филмот е во тоа како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 70 лица загинаа, а 200 се повредени во синоќешните напади во Газа
Најмалку 70 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во текот на ноќта во израелските воздушни напади врз Газа, соопштија жителите и властите во енклавата.
Според нив, нападот се случил само неколку часа по постигнатиот договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, пренесе Ројтерс.
Договорот, со посредство на Катар, Египет и САД, треба да стапи на сила во недела и повикува на шестнеделен прекин на огнот со постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
Палестинското Министерство за здравство претходно објави дека во израелските напади врз Газа загинале најмалку 1.799 луѓе, а 6.488 се повредени.
Свет
(Видео) Пиеле домашен алкохол: во Турција за два дена починале 23 лица, најмалку 43 хоспитализирани
Дваесет и три лица во Истанбул починале во рок од 48 часа откако конзумирале домашен алкохол, соопштија вчера турските власти. Најмалку 43 лица се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, соопштија турските власти.
#İzmir İl #Jandarma Komutanlığınca, Torbalı’da sahte alkol imalathanesine düzenlenen operasyonda;
-Maddi değeri 400 Bin ₺ olan Distilasyon ve Damıtma Cihazı,
-18.000 Litre Etil Alkol,
-40.000 İçki Etiketi ve
-1 Ambalajlama Makinesi ele geçirilerek 2 şüpheli yakalanmıştır. pic.twitter.com/17sCnIUIus— T.C. Jandarma Gn. K (@jandarma) November 5, 2019
Од почетокот на новата година вкупно 34 лица починале како последица на консумирање домашен алкохол за кој се верува дека причината е метанол, пишува CBS News.
Yeni yıl öncesinde 81 ilde "ZEHİR" Operasyonu
3️⃣4️⃣2️⃣ adreste yapılan aramalarda👇
3️⃣1️⃣.3️⃣4️⃣3️⃣ litre sahte/kaçak alkollü içki,
5️⃣.2️⃣2️⃣0️⃣ etiket,
1️⃣0️⃣2️⃣ sahte bandrol ve
6️⃣1️⃣ şişe alkol aroması ele geçirildi.@KomDaire pic.twitter.com/pxGDzYhT3f
— Türk Polis Teşkilatı (@EmniyetGM) December 15, 2021
Метанолот е супстанца која често се додава во алкохолот за да се зголеми неговата јачина. Често се користи во нелегално произведени производи наместо етанол, бидејќи е поевтин, според студијата која го истражувала нелегалното производство на алкохол во јужна Турција. Сепак, метанолот може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.
Турското Министерство за здравство веднаш не го коментираше случајот.
Труењето предизвикано од домашен алкохол е доста честа појава во Турција, каде приватното производство на алкохол вртоглаво порасна поради зголемувањето на даноците на алкохолните пијалоци. Во 2024 година, 110 луѓе во Истанбул се разболеле откако консумирале домашен алкохол, од кои 48 починале, според владините претставници, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт од 2014 година, а претходно беше премиер на владејачката партија, одигра клучна улога во измените на турското законодавство за алкохол. Од 2013 година, Турција ги забрани рекламите кои промовираат алкохол, ги спречува брендовите за алкохол да спонзорираат настани и ги забрани сцените што прикажуваат консумирање алкохол во медиумите.
Свет
Марија Захарова: Русија се надева дека договорот за прекин на огнот ќе помогне да се реши палестинското прашање
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија се надева оти договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас ќе помогне да се создадат услови за решение на палестинскиот проблем.
„Се надеваме дека спроведувањето на договорот ќе стане важен практичен чекор кон долгорочно стабилизирање на ситуацијата во зоната на палестинско-израелската конфронтација“, рече таа на прес-конференција, додавајќи дека тоа исто така ќе создаде предуслови за подобрување на ситуацијата во целиот регион на Блискиот Исток, вклучително и Либан, Сирија и Јемен, објави агенцијата Риа Новости.
Захарова додаде дека Русија се надева дека склучувањето на овој договор ќе придонесе за формирање на неопходните услови за процесот на сеопфатно политичко решение на палестинскиот проблем на меѓународно призната правна основа.
По 15 месеци крвав конфликт, Израел и Хамас постигнаа договор за примирје. Шестнеделното примирје ќе стапи на сила на 19-ти јануари.
Во првата фаза треба да бидат ослободени 33 израелски заложници во замена за стотици палестински затвореници. Американскиот претседател во заминување, Бајден, ја поздрави објавата, додавајќи дека американската дипломатија дала резултати.