Скопје
Изградена нова фекална и атмосферска канализација на улица Славејко Арсов на Водно

Нова фекална и атмосферска канализација е поставена на улицата Славејко Арсов на Водно, покрај тоа асфалтирани се 300 метри на новопроектирана 4, крак на Славејко Арсов, асфалтирани се тротоарите и поставени се нови канделабри.
„Но ние не завршуваме тука, ќе ги решиме сите проблеми на жителите. Овој потфат, кој е исклучително значаен за граѓаните чини 130.000 илјади евра, сума која покажува дека се водеше сметка и домаќински се работеше. Два цели мандати моите претходници не собраа сили да го решат овој сериозен проблем кој им го загорчуваше животот на жителите на овој дел на Водно“, рече градоначалникот Андреј Жерновски, кој заедно со советниците и вработените денеска, го посетија овој дел на општина Центар.
Поради опасноста од одроните изградени се два потпорни ѕида, а се гради уште еден. Едниот е во детската градинка Панорама, а другите два долж улицата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)