Економија
Бугарија се откажа од градење на втора нуклеарка

Бугарија се откажа од изградба на втора нуклеарна електрана на Дунав со јачина од 2.000 мегавати, која требаше да ја гради со руската компанија Атомстројекспорт.
На денешната владина седница, како што информираше заменик министерот за финансии Владислав Горанов, било одлучено наместо изградба на втора нуклеарка во Белене да се изгради електрана на природен гас. Горанов информираше дека еден од двата планирани реактори од 1.000 мегавати, кои што Атомстројекспорт го изработи за Белене, ќе биде вграден во единствената постоечка нуклеарка Козлодуј, со што нејзиниот капацитет ќе се зголеми на 3.000 мегавати.Бугарскиот министер за економија и енергетика Делјан Добрев утре треба да отпатува за Москва и да разговара со руската страна за донесената одлука. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонија доби речиси 2,5 милиона евра од планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија, извести Министерството за економија

Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврди дека Северна Македонија преку министерството за економија и труд целосно и успешно ја спроведе реформската мерка 4.1.1 – „Справување со неформалната економија во поддршка на Стратегијата за формализација на неформалната економија“, извести Министерството за економија и труд.
„Целта на мерката е унапредување на формалната економија преку интензивирање на инспекцискиот надзор и примена на пристап заснован на проценка на ризик, со фокус на секторите најподложни на неформални активности, градежништво, туризам и земјоделство.
Според оценката на Европската комисија, земјата далеку ги надминала поставените цели за зголемување на бројот на инспекции и резултатите од надзорот во рамките на оваа реформа со вкупна вредност од приближно 2,5 милиони евра, насочени кон јакнење на институциите, дигитализација на инспекциските служби и зајакнување на формалната економија.
Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведе 16.464 инспекции во периодот јули 2024 – јуни 2025, што претставува 242% зголемување во однос на целта за 20% зголемување во однос на просекот од 2020–2023 година.
Притоа се откриени 543 нерегистрирани работници, што е зголемување од над 200% во однос на претходните години.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) реализира 669 инспекции, што е 40% повеќе од целната вредност, при што издадени се 222 управни решенија, а 18 нерегистрирани економски оператори се затворени поради непочитување на законите.
Овие постигнувања се резултат на спроведување на пристап заснован на проценка на ризик при планирањето на инспекциските активности, со приоритетно насочување кон секторите најпогодени од неформална економија – градежништво, туризам и земјоделство. Двете институции применуваат методологии за управување со ризик и активно користат дигитални алатки за подобрување на ефективноста и транспарентноста во своето работење
Европската комисија во својата оценка нагласува дека Северна Македонија ја реализирала реформата „целосно и успешно“, без утврдено двојно финансирање и со целосна усогласеност со европските стандарди.
Ова признание од Европската комисија е потврда за сериозната работа на институциите и за конкретните резултати кои носат корист и за граѓаните и за бизнисот. Справувањето со сивата економија е еден од клучните приоритети на Владата и Министерството за економија и труд– заедно со европските партнери ќе продолжиме да градиме одржлива, конкурентна и формална економија“, соопшти Министерството за економија и труд.
Свет
(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.
Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.
🤪 Trump to Australia’s ambassador: “I don’t like you either.”
An awkward exchange took place between the U.S. president and the Australian ambassador🇦🇺
After signing an agreement on rare earth minerals, a journalist reminded Trump that Ambassador Kevin Rudd had once called him… pic.twitter.com/UEooOxvqYs
— NEXTA (@nexta_tv) October 20, 2025
„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.
Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.
„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.
Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.
Економија
Цените на нафтата паѓаат

Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари денес, поради мрачни проценки за вишок понуда и знаци за затоплување на односите меѓу САД и Русија што би можело да значи полесен пристап до руска нафта.
На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 72 центи пониска отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 60,57 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена за 66 центи пониска, на 56,88 долари.
Расположението на пазарите е намалено од проценките за вишок понуда на крајот на оваа година и почетокот на следната година.
Понудата брзо расте, додека побарувачката е пригушена, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела.
Во такви услови, светските залихи достигнаа највисоко ниво за четири години во август, од 7,9 милиони барели, пресмета агенцијата, а вишокот на понуда треба нагло да се зголеми најдоцна од следната година.
Инвеститорите се загрижени и за затворањето на американската влада поради спор околу буџетските трошоци.
Демократите го условуваат прифаќањето на предлогот за буџет за 2026 година со продолжено финансирање на програмата за здравствено осигурување за најранливите групи граѓани, додека републиканците ја отфрлаат оваа отстапка.
Дури 750.000 владини службеници би можеле да бидат испратени на неплатен одмор, што исто така ќе значи пониски трошоци, предупреди независниот институт CBO.