Македонија
Преглед на печат / Македонија

„Дневник“ – Под наслов „`Бриони` скаменет во воената 2001“, пишува за грозоморното убиство кое пред десет години се случи во Челопек.
„Дневник“ – Под наслов „`Бриони` скаменет во воената 2001“, пишува за грозоморното убиство кое пред десет години се случи во Челопек. На 26. август пред една деценија Светислав Трпковски и Боге Илиевски, заедно со мотелот, беа кренати во воздух. Весникот понатаму пишува дека во годината кога албанската политичка елита од ДУИ на големо ги слави придобивките од Рамковниот договор, „Бриони“ мачно потсетува дека за доверба меѓу Албанците и Македонците е потребна волја на двете страни. „Нова Македонија“
„И името врие на +40 степени“, пишува дека со пеколните температури се загрева и атмосферата околу името. Серијата на изјави на партиски и државни функционери може да сугерираат дека постои некаква договорена и, се чини, координирана активност, барем од македонска страна. Списокот на странски гости што наскоро ќе дојдат во Македонија, распоредот на посети на нашите политичари и изјавите на влијателни личности и добро упатени извори сугерираат дека опасно се загрева и атмосферата околу името. „Утрински весник“
Под наслов „Седете дома, да не ве онесвести сонцето“, ги пренесува советите на лекарите, по најавите за доаѓање на пеколните горештини. Трудниците и лицата над 60 години, денеска и утре да не работат, а работниците на отворено да паузираат од 11 до 16 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.