Свет
Десетгодишно дете ја преживеа авионската несреќа во Либија

Само едно дете на возраст од десет години ја преживеало авионската несреќа што се случи изутрината во близина на либиската престолнина Триполи.
Само едно дете на возраст од десет години ја преживеало авионската несреќа што се случи изутрината во близина на либиската престолнина Триполи.
Ова го изјави либискиот министер за транспорт Мохамед Зидан, кој соопшти дека во несреќата на авион од типот Ербас А330 на авиокомпанијата Африкија Ервејз, загинале 92 патници и 11 членови на екипажот.
Преживеаното дете, за кое првично беше соопштено дека има осум години, е од Холандија и според болнички извори не е во животна опасност.
Авионот експлодирал во воздух за време на слетувањето и сосема се распаднал, изјави за агенциите припадник на безбедносните служби на аеродромот.
Причините за несреќата се испитуваат. За време на слетувањето времето било сончево, а либиските власти ја отфрлија можноста дека се работи за терористички акт.
Во авионот, кој летал од Јоханесбург, преку Триполи за Лондон имало 22 Либијци, од кои сите членови на екипажот, а патниците биле претежно Јужноафриканци и Британци.
Лани во јуни несреќа на јеменски авион, во близината на Коморските острови преживеа 12-годишно девојче. /крај/ртвсло/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина има потреба од сè поврзано со безбедносните гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја има потреба од „сè“ кога новинар го праша какви безбедносни гаранции ѝ се потребни за да се постигне договор.
Тој рече дека Украина најпрво има потреба од силна армија, што вклучува оружје, луѓе, обука и разузнавачки информации, пренесува „Си-ен-ен“.
Додаде и дека сето тоа ќе зависи од „големите земји“, како што се САД и другите сојузници.
Зеленски денес престојува во Вашингтон кадешто се сретна со претседателот Доналд Трамп во Овалната соба. Одговарајќи на новинарски прашања, украинскиот претседател изрази подготвеност за трилатерална средба со Владимир Путин и Трамп. Тој повтори и дека нема да има избори во земјата додека трае војната.
Свет
Зеленски му предаде писмо до Трамп: „Не е за тебе, туку за твојата сопруга“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му го предаде на американскиот претседател Доналд Трамп писмото од првата дама на Украина.
Зеленски моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа, а со него се и клучни лидери на европски земји.
Тој му кажа на Трамп дека писмото е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.
„Мојата сопруга, првата дама на Украина, ми даде писмо. Не е за тебе, туку за твојата сопруга“, рече тој, пренесе „Си-ен-ен“.
Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Алјаска.
„Во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивка насмевка, недопрена од темнината околу нив“, стоеше во писмото, потпишано од првата дама на САД до Путин.
Зеленски на денешната средба со Трамп, јавно и’ се заблагодари на Меланија.
Свет
По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката

Денешната средба помеѓу лидерите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се одвиваше во многу попријатен тон од претходната, а двајцата лидери во повеќе наврати и се шегуваа.
Новинарот Брајан Глен, кој го критикуваше Зеленски во февруари затоа што не носел одело, сега му рече: „Изгледаш фантастично во тоа одело. Се извинувам за нападот во февруари“.
На тоа, Доналд Трамп додаде: „И јас му го кажав тоа“, истакнувајќи дека Глен го „нападнал“ Зеленски минатиот пат.
Зеленски се насмеа и одговори: „Се сеќавам на тоа“, а потоа се пошегува дека Глен носел исто одело како и тогаш: „Јас се пресоблеков, ти не“.
Темата во што денес ќе се појави облечен Зеленски деновиве беше во фокус во Вашинтон.