Свет
Ило Иљоски ме убедуваше да шверцувам цигари

Блажо Иванов, поранешен командир на полициската станица на граничниот премин Гевгелија, го обвини Илија Иљоски, донеодамнешниот директор на Царинската управа, прекомандуван во шеф на изборниот штаб на СДСМ, го убедувал да шверцува цигари.
СВЕДОЧЕЊЕ НА ПОЛИЦИСКИ КОМАНДИР
Блажо Иванов, поранешен командир на полициската станица на граничниот премин Гевгелија, го обвини Илија Иљоски, донеодамнешниот директор на Царинската управа, прекомандуван во шеф на изборниот штаб на СДСМ, го убедувал да шверцува цигари.
Иванов ова го кажа на вчерашното рочиште од судењето за трговија со мигранти, познат како случај “Југ“, каде што тој се сомничи за злоупотреба на функцијата со украдени автомобили.
– Директорот на Царина, Ило Иљоски, во октомври лани ме убедуваше да пропуштам кон Грција шлепер со шверцувани цигари. Не ги прифатив притисоците и постапив според правилникот. По кратко време ме сменија од функцијата командир на полицијата на преминот Богородица – изјави Иванов пред судиите на Основниот суд Скопје 1. Тој е обвинет дека лани на првообвинетиот Дејан Стамков му помогнал да внесе во Македонија пет украдени луксузни автомобили, вредни 300.000 евра.
Блажо е брат на професорот Ѓорѓе Иванов, кого социјалдемократите пред две недели го обвинуваа дека во анкета на Институтот за општествени и социолошки истражувања го наместил нискиот рејтинг на СДСМ, како одмазда за Блажо, кој е во притвор. Професорот најави тужба за клевета, го обвини генералниот секретар на СДСМ, Никола Ќуркчиев дека е лично вклучен во аферата, но и дека заедно со брат му Блажо ќе проговорат за многу работи.
А.Б.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Околу 20 земји едногласно го поддржуваат предлогот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постои единство меѓу околу дваесетина земји околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот.
На прашањето дали се разговара за испраќање европски војници во Украина, тој одговори дека таквите теми се во надлежност на воените команди и дека разговорите веќе се започнати и ќе продолжат.
Тој потсети дека рускиот портпарол Дмитриј Песков претходно изјави дека прекин на огнот може да се разгледа само ако Западот престане да испраќа оружје во Украина.
„Чекаме руски одговор. Топката сега е на нивен терен“, рече Макрон.
Европа
Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој претрпел бројни бомбардирања. „Одлуката за безусловно примирје беше донесена тука во Киев, што има посебна тежина со оглед на сè низ што помина овој град“, рече Туск.
Тој нагласи дека сега ќе се чека рускиот одговор. „Доколку Москва го отфрли овој предлог, ќе биде јасно кој е навистина посветен на мирот, а кој не“, додаде тој.
На прашањето на новинар колку брзо таканаречените „коалиции на добронамерните“ во земјата би можеле да воведат нови санкции доколку Русија го отфрли примирјето, Туск одговори дека постојните мерки веќе даваат резултати.
„Доколку немаше санкции, ситуацијата денес ќе беше многу полоша. Русија нетрпеливо чека нивно укинување – и тоа ви кажува сè“, рече тој.
Европа
Макрон се заканува со масовни санкции

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе се соочи со „масивни“ санкции заеднички координирани од Европа и САД доколку го прекрши 30-дневното примирје предложено од западните сојузници на Киев.
„Во случај на прекршување на ова примирје, беше договорено дека ќе бидат подготвени и координирани масивни санкции меѓу Европејците и Американците“, рече Макрон на прес-конференција во Киев.