Македонија
Манчевски: Доколку судот постапува согласно законите ќе се докаже невиноста на Шиповиќ
„ВМРО-ДПМНЕ и натаму не може да се помири со тешкиот пораз во Центар и својот бес го истура врз недолжни граѓани, уништувајќи цели семејства“, истакна Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ кој заедно со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и советниците од редовите на СДСМ изразија поддршка пред Основниот суд 1 Скопје, каде започна судскиот процес против Мирослав Шиповиќ и неговите соработници.
„Тука сме да ја изразиме нашата целосна поддршка на претседавачот на Советот на Општина Центар и претседател на СДСМ – Центар, Мирослав Шиповиќ и неговите соработници. Ние сме цврсто убедени во неговата невиност и знаеме дека тоа ќе се докаже и во текот на судскиот процес“, истакна Манчевски.
Тој додава дека доколку судот постапува и одлучува согласно доказите и законите, а не по политички диктат од страна на власта, ќе се докаже дека Шиповиќ и соработниците се неправедно во притвор и покрај дадените гаранции да се бранат од слобода и неможноста да го повторат делото и влијаат на сведоците.
„Целиот случај против Шиповиќ и соработниците е уште еден дел од систематското газење на јавно изразената волја на граѓаните на Центар на локалните избори, кои му кажаа гласно НЕ на ВМРО-ДПМНЕ и проектот Скопје 2014“, вели Манчевски и додава дека ваквото однесување ќе им се удри од глава на следните избори како на локалните избори во Центар./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

