Здравје
Се испитуваат електронски имплантати за слабеење

Британските научници измислија интелигентни микрочипови кој можат да го потиснат апетитот и наскоро ќе започне нивното тестирање врз животни.
Научниците од Imperial College во Лондон сметаат дека нивниот електронски имплантат може да се покаже подобро решени во борбата против дебелината отколку инвазивните оперативни зафати чија цел е губењето на телесната тежина.
Микрочипот се врзува на нервот вагус кој има улога при регулирањето на апетитот, како и во цела низа други функции во организмот, а се проценува дека тестирањата на луѓето можат да започнат за три години. Микрочипот е дизајниран за читање и обработка на електронските и хемиските сигнали за чувството на ситост и може да реагира и да испраќа електрични сигнали во мозокот намалувајќи ја потребата од храна.
Британските научници веќе изработиле сличен имплантат кој ги намалува бројот на епилептичните напади со тоа што исто така дејствува врз нервот вагус.
„Станува збор за многу мал микрочип и на тој чип имаме интелигенција којашто може да ги измени сигналите одговорни за контрола на апетитот. Ќе биде тоа мал имплантат и ќе биде дизајниран така што нема да има нуспојави, а апетитот ќе се контролира на природен начин”, вели Крис Тумазу од Imperial College London за BBC и додава дека почетните испитувања во лабораториите веќе покажале дека моделот функционира.
„Што се однесува до мозокот, тој ќе добива исти сигнали од системот за варење на храната кои нормално ги добива по оброкот, а тие сигнали велат: немој повеќе да јадеш, желудникот е полн со храна и не мораш повеќе да јадеш”, опишува Тумазу.
На развојот на имплантат за контрола на апетитот работата и американските научници кои веќе спроведоа клинички испитувања на пациенти кои изгубиле најмалку 20 отсто од телесната тежина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дали водата пред јадење навистина помага во слабеењето?

Ако некогаш сте се обиделе да ослабете, веројатно сте го слушнале познатиот совет: „Испијте чаша вода пред оброк, на тој начин ќе јадете помалку“.
На прв поглед, звучи логично – водата може делумно да го наполни желудникот, да создаде чувство на ситост и на тој начин да ни помогне да јадеме помалку храна. Но, дали е навистина ефикасна или е уште еден популарен мит?
Според д-р Роберт Х. Шмерлинг, професор на Медицинскиот факултет Харвард, иако тврдењето има смисла, научните докази се мешани – и најчесто се ограничени на мали, краткорочни студии.
1. „Ако се чувствуваме сити, ќе јадеме помалку“
Да, водата може привремено да го прошири нашиот желудник и да испрати сигнал до нашиот мозок да го забави јадењето. Но, тоа не се претвора автоматски во губење на тежината. Според д-р Шмерлинг, „Водата пред оброк нема да ве натера да ослабете, но може да ви помогне да јадете повнимателно и да не се прејадувате. Можеби ќе седнете на масата веќе делумно сити“.
Дополнително, експертите за долговечност советуваат дека е подобро да се пие вода пред или по оброците – а не за време – за да не се разредат дигестивните ензими.
Забавен факт: Една студија покажа дека постарите испитаници кои пиеле вода пред оброците консумирале помалку калории. Други истражувања покажуваат дека луѓето на нискокалорична диета изгубиле повеќе тежина со вода пред оброците отколку без неа – но тие студии биле краткотрајни.
2. „Пиењето вода согорува калории“
Идејата е следнава: кога пиеме ладна вода, телото мора да ја загрее до телесната температура – и за тоа користи енергија. Овој процес се нарекува термогенеза.
За жал, иако некои истражувања претходно го потврдија ова, поновите студии не пронајдоа силни докази дека водата (дури и ладната вода) значително го зголемува согорувањето на калории. Значи, не, нема да ослабете само со пиење вода и лежење на каучот.
3. „Не сте гладни – жедни сте“
Оваа популарна теорија – особено на TikTok – тврди дека често ја мешаме жедта со глад. Наместо да посегнеме по ужина, можеби прво треба да испиеме чаша вода.
Сепак, како што вели д-р Шмерлинг: „Регулирањето на гладот и жедта е многу сложено и се менува со возраста. Кај постарите луѓе, чувството за жед слабее, но нема убедливи докази дека луѓето често ги мешаат гладот и жедта“.
Значи, оваа теорија е повеќе симпатична идеја отколку научно докажан факт.
Заклучок
Да – водата може да помогне во губењето на тежината, но не како чудотворно решение. Ефектите се скромни и неодржливи ако не се комбинираат со здрава исхрана и физичка активност.
Како што заклучува д-р Шмерлинг: „Ако мислите дека пиењето вода пред оброците ви помага – слободно. Нема многу ризик, освен ако не се обидувате да се натерате да пиете кога не сте жедни.“
Нутриционистот д-р Монтсе Прадос додава уште една важна поента: Водата брзо се исфрла од желудникот и не го активира варењето на ист начин како храната, па затоа ефектот на ситост трае помалку отколку што мислат многу луѓе.
Во три реченици:
Водата пред оброците може малку да го намали апетитот, но не е гаранција за губење на тежината.
Не согорува значително калории ниту ги менува вашите желби за храна.
Сепак, умерениот внес на вода е здрав и корисен – само не очекувајте чуда.
Забава
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.
Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.
Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.
Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.
Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.
Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.
Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.
Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.
Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.
Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.
Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.
Забава
Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.
Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.
Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.
Летно диетално мени
Понеделник:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 интегрален тост со сирење
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај
Вторник:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед
Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук
Среда:
Појадок: 1 чаша билен чај, тост
Ужина: 1 варено јајце
Ручек: 1 чаша крем супа од печурки
Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал
Четврток:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка
Петок:
Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 30 грама ореви
Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко
Сабота:
Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков
Ужина: 1 шолја зелен чај
Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 200 г варен зеленчук
Недела:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце
Ужина: 1 чаша сок од портокал
Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.