Спорт
Стартува Серија А – Може ли некој да го сопре Интер
Викендов на Апенинскиот полуостров ќе стартува новата сезона во фудбалскиот шампионат на Италија.
Последните пет сезони во Серија А доминираа екипата на Интер, чии член од јануари годинава е Горан Пандев. „Неро-азурите“ и во новата сезона се најсериозниот кандидати за освојување на скудетото, конкуренти на Интер ќе му бидат Рома, Милан и Јувентус. „Старата дама“ на реконструкција на тимот во летниот преоден рок потроши речиси 100 милиони евра.Прогнозите пред почетокот на сезоната говорат дека за опстанок ќе се борат Чезена, Лече и Бреша.Интер одбраната на титулата ќе ја започне од Болоња, натпреварот ќе се одигра во понеделник поради вечерашниот натпревар на Интер во европскиот Суперкуп.Комплетни двојки од првото коло:Сабота, 28.август: Удинезе-Џенова, Рома-ЧезенаНедела, 29.август: Бари-Јувентус, Киево-Катанија, Милан-Лече, Парма-Бреша, Сампдорија-Лацио, Палермо-Каљари, Фиорентина-Наполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кошаркарите на Монако се спасија од линч во Истанбул
Монако избори мајсторка која против Фенербахче ќе ја игра на домашен терен. Екипата од Кенежвството славеше во Истанбул со 65:62 во четвртиот натпревар од серијата.
Тешко извојуваната победа кошаркарите на Монако бурно започнаа да ја славата по последниот звук на сирената. Тоа не име=се допадна на домашните навивачи, кои влего на теренот да се пресемтаат со кошаркарите на Монако.
Од трибините фрлаа трврди предмети, а еден навивач со топка го гаѓаше Блосонгејм кој најгласно ја славеше победата.
„Им се извинувам и на Монако и на Евролигата за инцидентот. Ова не е нашата вистинска слика, ова е неприфатливо. Ова не е Фенербахче, ова не сме ние“, рече тренерпт на Фенербаче, Шарунас Јасикевичиус и дополни
„Се обидуваме да изградиме нешто овде… Мора да преземеме одговорност за ова денес.“
A scuffle broke out after the final whistle of GAME 4 in Istanbul 😳 pic.twitter.com/Si2i0v6H5H
— BasketNews (@BasketNews_com) May 3, 2024
Спорт
(Видео) Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Орландо избори мајсторка
Далас Маверикс ноќта меѓу петокот и саботата стигна до полуфиналето на плејофот на Западната конференција, ги елиминираа Лос Анџелес Клиперс со резултат 4:2. На Истокот, Орландо Меџик избри мајсторка против Кливленд Кавалирс.
Здравствената состојба на Дончиќ беше малку подобра од претходниот натпревар кога го мачеше коленото и настинка, одигра одличен натпревар и заедно со Кајри Ирвинг ги соборија Клиперси so 114:101.
Ирвинг мечот го заврши со 30 поени, шест скока и четири асистенции, а Дончиќ постигна 28 поени со 13 асистенции и седум скока.
Вашингтон додаде 14, а Гафорд 13 поени за Далас.
Најдобри играчи во тимот на Клиперс, во поразот кој за нив значеше крај на сезоната, беа Пауел со 20 поени, Џорџ со 18 поени и 11 скока и Ивица Зубац, кој мечот го заврши со 17 поени и 11 скока, и имаше една асистенција. Харден постигна 16 поени со 13 асистенции и седум скока.
Далас, во конференциското полуфинале ќе игра против Оклахома.
Орландо – Кливленд 103:96
Залудна беше фантастичната партија на Донован Мичел за Кливленд Кавалирс, кои постигнаа 50 поени, Орландо беше сигурен и успеа да го изедначи резултатот во серијата на 3:3.
Првото полувреме им припадна на домашните, но пред решавачките 12 минути Кливленд беше на +5. И застана таму. Кавси во последната четвртина постигнаа само 18 поени.
Банчеро го предводеше Орландо со 27 поени, осум скока и четири асистенции, Вагнер додаде поен помалку со пет скока и две асистенции, а Сагс го следеше со 22 поени и шест украдени топки. Картер постигна 11 поени со девет скока.
На другата страна Мичел остана сам, на 50 поени додаде и четири скока и асистенции, а зад него беше Гарланд со 21 поен, шест скока и пет асистенции.
Бостон ќе мора да почека уште малку за да добие противник за полуфиналната серија.
Спорт
Вилбекин трагичар, Монако избори мајсторка
Кошаркарите на Монако го совладаа Фенербахче на гости со 65:62 во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во Евролигата и се изборија за мајсторка.
Да потсетиме, само Реал Мадрид досега се пласираше на завршниот турнир во Берлин, додека петтиот натпревар ќе го даде победникот и во сериите меѓу Барселона и Олимпијакос, односно Панатинаикос и Макаби.
Исклучително возбудлив натпревар, во кој доминираа одбраните одиграа фенер и Монако.
На крајот Монако победи со многу среќа. Малку фалеше Мајк Џејмс наместо еден од хероите на победата на Монако да биде трагичар. Американецот постигна тројка на 51 секунда до крајот, на гостите 61:57.
Во меѓувреме погодија Вилбекин и Хол, а потоа Марко Гудуриќ со својата тројка ги доведе возбудувањата до точка на вриење. Фенер на 18 секунди до крајот се доближи на 62:63.
Следуваше кулминација на истанбулската драма, Џејмс во предвидените пет секунди не успеа да ја уфрли топката во игра, па Фенер имаше речиси цел напад да ја обезбеди победата,
Вилбекин ја презеде одговорноста, имаше многу време да размисли како ќе ја нападне одбраната на Монако, се обиде да заврши со флотер и промаши.
Топката му припадна на Монако, а Хол со забивање стави точка на натпреварот.
Кај Фенербахче најефикасен беше Марко Гудуриќ со 14 поени (3/3 за три).
Ели Окобо ги предводеше гостите со 13 поени, додека Мотијеунас и Џејмс мечот го завршија со по десет поени.