Македонија
Започна кампањата „Биди иновативен”
Иновативните идеи на младите и креативни луѓе отсега ќе можат да станат реалност и да се претворат во успешна бизнис приказна благодарение на заедничкиот проект на компанијата Сивус и Националниот центар за развој на иновациите и претприемничкото учење
Идејата на оваа кампања е студентите и сите млади луѓе на возраст до 35 години да ги претстават своите бизнис планови, а 10-те најуспешни ќе бидат нарадени со 21 илјади евра.Заинтересеираните кандидати со своите бизнис планови ќе можат он-лајн да аплицираат на порталот www.ncdiel.mk при што најпрво ќе бидат селектирани 80-те најиновативни бизнис идеи, по што ќе следува 13-дневна обука и натпревар за најдобар бизнис план.За најдобите десет од областа на информатичката технологија е предвидена финансиска подршка во висина од 21 илјади евра и влез во инкубаторот на компанијата Сивус.Преставникот на Сивус објасни дека компанијата ќе ги стави на располагање своите простории и човечки ресурси со што ќе овозможи непречено функционирање на новите бизниси. „Компанијата ќе има клучна улога во воспоставување на нови партенрства и проширување на бизнис мрежата како и пристап до меѓународната мрежа на инвеститори”, рече Владимир Матевски од Сивус и додаде дека тенденцијата е овој проект да се развива во наредните години и да се зголемува наградниот фонд. Раководителот на проектот пак, истакна дека целта на „Биди иновативен” е младите да да ги претворат своите идеи во нови бизниси. „Процесот е отворен за сите млади луѓе кои сакаат да се осомостојат и имаат идеја за нов бизнис. На овој начин сакаме да се стимулира процесот на самовработување и да им се помогне на десетици млади луѓе својата среќа да бараат самите без ничија помош”, рече Игор Николовски од Националниот центар.Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат најдоцна до 15 ти февруари, а од 26-ти започнува обуката и подготовка на бизнис плановите кои до 21 април ќе треба да бидат испратени до центарот. Три комисии ќе дадат оценка за најдобрите., по што победниците ќе бидат прогласени на 10-ти мај , на европски ден на претприемништвото. Наградниот фонд за најдобрите бизнис планови го обезбеди Австриската развојна агенција во Македонија, чии преставници истакнаа дека ќе продолжат да ги стимулираат бизнис идеите на младите претприемачи од Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.
Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

