Свет
Републиканецот Бонер ќе го води Претставничкиот дом на САД
Републиканецот Џон Бонер денеска е избран за претседател на 112-тото собрание на Претставнички дом, јавија американските медиуми.За 61-годишниот Џон Бонер од редовите на републиканците гласале 241, а досегашната претседателка од редовите на демократите – 70-годишната Ненси Пелоси добила поддршка од 173 конгресмени.Резултатите од гласањето не претставува изненадување, имајќи предвид дека на изборите во ноември републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, односно сега имаат 242 места од вкупно 435-те мандати, наспроти 193 на демократите, а за изборот на спикерот на Претставничкиот дом е потребно просто мнозинство од гласовите. Покрај тоа, пред Нова година републиканците изјавија дека тие со сите мандати ќе го поддржат изборот на Бонер.Инаку во средата, новиот состав на американскиот Конгрес го одржа своето прво заседание.Во Претставничкиот дом со минатиот состав Бонер го предводеше републиканското малцинство. Пред Нова година, тој даде неколку остри изјави за неговите планови за во иднина, ја критикуваше администрацијата и вети дека ќе спроведе ревизија на сите закони донесени како предлози на владата и со поддршка на демократите во Претставничкиот дом. Според Бонер, сите предлог-закони од актуелната администрација ќе бидат разгледани „под микроскоп и нема да бидат носени на брзина, како за време на претседателствувањето на Пелоси“.Мнозинство во Претставничкиот дом ќе го предводи Ерик Кантор, избран од еден од окрузите од во сојузната држава Вирџинија. Првата жена претседател во историјата на на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси ќе ја преземе не помалку важната функција – лидер на демократското малцинство. Таа со свотие настапи го предизвикуваше бесот на републиканците, кој повеќепати ја обвинуваа за авторитарност и бараа од челниците на Демократската партија да ја „повлечат Пелоси“ .Функциите на претседатели на најважните комитети на Претставничкиот дом, како што се очекува, ќе одат во рацете на републиканците.Претходно во средата во Сенатот на првата средба во новиот состав усвои резолуција со која го извести претседателот и Претставничкиот дом дека „сенаторите се на сесија“. Составот на Сенатот не е целосно заокружен, според традицијата реизбрана е само една третина од сенаторите. Демократите не го загубија мнозинството, но имаат шест мандати помалку – 53 сенатори, вклучувајќи ги и независните, наспроти 47 сенатори од редовите на републиканците.Со новиот состав на Конгресот, на американската администрација ќе и биде многу потешко да ги протуркува своите законски проекти, а тоа може дури да се одрази и на веќе претходно усвоените закони. Сепак, во отсуство на републиканското мнозинство во Сенатот, ова се чини малку веројатно, имено најверојатно работата на владата со Конгресот ќе се претвори во бескрајни преговори и трговија со отстапки, а предлог-законите ќе бидат разгледувани долго и практично нидеден нема да има шанса да биде изгласан брзо и без амандмани, сметаат американските аналитичар./крај/ро/вп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

