Скопје
Привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Перо Наков"

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во сабота и во недела ќе се асфалтира крстосницата на улицата „Благоја Стефковски” со улицата „Перо Наков” и улицата „840 БИС”.
Поради изведувањето градежни работи на овој дел од улицата „Перо Наков” ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се одвива наизменично, со физичка регулација.
Во недела, сообраќајот ќе биде забранет од крстосницата на улицата „Перо Наков” со булеварот „Киро Глигоров” (поранешниот булевар „Војводина”) до претходно споменатата крстосница.
Автобусите на јавниот градски превоз на линиите со број 3Б, 23 и 54 ќе бидат пренасочени преку булеварот „Киро Глигоров”, булеварот „Александар Македонски” и улицата „Благоја Стефковски”.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на улицата „Перо Наков”, да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Асфалтирање краци од улицата 500 во Марино, општина Илинден

Во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, општина Илинден продолжува со активности за подобрување на патната инфраструктура, известуваат од Општината.
Како дел од овие активности, целосно се реконструирани и асфалтирани три краци (крак 1, крак 4 и крак 5) од улицата „500“ во населбата Марино, во вкупна должина од приближно 230 метри, велат од општина Илинден.
Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во градежните зафати и нагласи дека претходно на овие улици е поставена фекална канализација, по што се пристапува кон финализирање со асфалтирање. Во наредниот период се предвидува продолжување со слични зафати на други улици, со цел унапредување на условите за сообраќај, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на жителите.
Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, со што значително ќе се подобри локалната патна инфраструктура, се додава во соопштението.