Свет
Протестите во Техеран продолжија, тројца мртви
Илјадници луѓе излегле на улиците од главниот град на Иран на протести во поддршка на претседателскиот кандидат Мусави кој соопшти дека изборите биле лажирани во полза на досегашниот претседател Ахмадинеџад
Според странските дописници ова се најмасовните протести во Техеран по исламската револуција во 1979 г. Иранскиот врховен и верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи и’ се обрати преку телевизијата на нацијата да ја почитува победата на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Тој предупредил дека самиот Мусави и неговите следбеници се однесуваат многу провокациски. Милански Corriere della Serra повикувајќи се на Al-Arabia јавува дека во Техеран има многу уапсени и три жртви во демонстрациите кои прераснаа во судири со иранската полиција и меѓу приврзаниците на поразениот претседателски кандидат Мирхосеин Мусави и на Ахмадинеџад. Доемонстрантите носеле транспаренти со натписи „Смрт за диктаторот“, „Што се случи со изборите?“, „Ние исто така сме Иранци“, „Мусави е нашиот претседател“…Ахамдинеџад исто така имал телевизиско обраќање во кое рекол дека изборите биле фер и легални, според волјата на гласачите. Иранскиот министер за внатрешни работи Садек Махсули и попладнево потврдил дека Ахамдинеџад е реизбран за претседател со 62,6 отсто од гласовите, пред Мусави за кого гласале 33,7 проценти од излезените гласачи. Притоа, се споменува дека излезноста на иранските избирачи била 85 отсто, што за Мусави и неговите следбеници е спорно. Пред универзитетот во Техеран, стотина полицајци морале да употребат солзавец против групата од 300 до 400 студенти. Немири во Иран по победата на Ахмадинеџад
Махмуд Ахмадинеџад реизбран за претседател на ИранМоже ли Ахмадинеџад да ги изгуби изборите од Иранките?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

