Свет
Отфрлени плановите за нова џамија во Москва
за изградба на џамија во југоисточна Москва се отфрлени, наспроти заложбата на премиерот Владимир Путин за изградба на петта џамија за двата милиони муслимани кои живеат во престолнината, пренесува Риа НовостиПрефектот на тој административен округ, Владимир Зотов, истакна дека Путин во својот повик не ја прецизирал локацијата на џамијата, па така архитектонската комисија на Москва„може да одлучи да ја лоцира новата џамија во кој било дел од градот“. Првично беше планирано џамијата да се изгради на булеварот „Волжски“ во југоисточна Москва, во округ во кој живее голем број етнички татари, од кои најголемиот дел се муслимани. Во моментов, во Москва има само четири џамии или по една на секои 500.000 жители – муслимани.Изградбата на новата џамија поттикнува нови расни тензии во Москва, по масивните нереди во саботата и нередите од средата, предизвикани од смртта на фудбалскиот навивач во тепачка со мигранти од претежно муслиманскиот руски регион Северен Кавказ. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

