Свет
Тројца Данци на списокот на Ал Каида за ликвидирање
Во првиот магазин на англиски јазик „Inspire“, на терористичката организација Ал Каеда, објавен е список од девет лица кои треба да бидат ликвидирани, поради исмејување на исламскиот пророк Мухамед, од кои тројца се Данци, пишува данскиот дневен весник Политикен.
Во првиот магазин на англиски јазик „Inspire“, на терористичката организација Ал Каеда, објавен е список од девет лица кои треба да бидат ликвидирани, поради исмејување на исламскиот пророк Мухамед, од кои тројца се Данци, пишува данскиот дневен весник Политикен.
На “листата на смртта“ се наоѓаат карикатуристот Курт Вестергард, кој ја нацрта карикатурата на пророкот Мухамед со бомба во турбанот, како и Карстен Јусте и Флеминг Роус, уредници на магазинот Јиландс Постен, каде пред пет години беа објавени 12 карикатури на пророкот.
Политикен пренесува, дека Магнус Рансторп од Шведската академија за одбрана, кој важи за еден од најпознатите истражувачи на тероризмот во Европа, оценува дека „загрижувачки е што овие три имиња се на списокот на смртта“ и дека овој список „треба да се третира сериозно“.крај/бета/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Амбасадорите на ЕУ и САД во Москва нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
Амбасадорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Москва нема да присуствуваат на церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече дека оваа одлука е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на блокот.
„Нашиот амбасадор нема да присуствува, повеќето земји-членки нема да присуствуваат“, рече Стано, а пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.
Ројтерс вчера објави дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија која нема да испрати свој претставник.
Неименуван извор за агенцијата изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресијата во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека има прекршување на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.
Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.
Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.
Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат.
Путин на претседателските избори во март освои 87,28 отсто од гласовите.
Свет
Автобус излета од патот и се преврте во Перу: најмалку 10 загинати меѓу нив и шестмесечно бебе
Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.
Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.
Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.
Државната телевизија Перу Нотицијас објави дека повредените, од кои некои се со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.
Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.
Свет
Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен
Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет, и дека специјалните сили ја проверуваат областа.
Армијата соопшти дека од синоќа силите „оперираат“ во источниот дел на Рафа, каде што повеќето луѓе и некои меѓународни организации се евакуирани.
Во раниот утрински брифинг со новинарите беше речено и дека преминот Керем Шалом утрово е затворен од безбедносни причини и ќе биде отворен кога ќе дозволи безбедносната ситуација. Портпаролот на граничната служба во Газа изјави дека израелски тенкови се распоредени долж преминот Рафа.
Тројца хуманитарни извори за Ројтерс изјавија дека протокот на хуманитарна помош преку преминот е запрен.