Надворешна политика
Хан: Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот на одржувањето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/johanes.jpg)
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во неделата порача дека „суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот на одржувањето“, посочувајќи го извештајот на Европската унија (ЕУ) и САД кој во неделата беше доставен до премиерот Емил Димитриев и лидерите на политичките партии.
Хан се огласи преку својот твитер профил, нагласувајќи дека треба да се прочита извештајот изработен од страна на ЕУ и САД, а според кој во моментот не постојат услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 24-ти април, датум кој првично беше договорен и содржан во Пржинскиот договор.
Како што претходно во неделата соопшти американскиот амбасадор Џес Бејли, соопштувајќи ја проценката која што беше најавена минатиот месец, ЕУ и САД сметаат дека во моментот не постојат услови за одржување на кредибилни избори, поради тоа што работата на Државната изборна комисија во оваа фаза не е доволна, и покрај тоа што според амбасадорите сепак има некаков напредок, потоа поради тоа што се уште нема договор околу медиумските реформи и на крај поради загриженоста од информациите за притисоци и заплашувања направени кон гласачите.
Во извештајот се додава дека дел од лидерите на политичките партии како алтернативен датум за одржување на изборите го споменале 5-ти јуни, и дека сега се потребни сериозни напори од страна на сите актери за организација на еден кредибилен изборен процес на кој слободно ќе учествуваат сите граѓани и партии./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.