Контакт

Спорт

Фергусон и Манчини влегоа во вербален конфликт

Објавено пред

Ривалите од Манчестер, менаџерите на Сити и Јунајтед, Роберто Манчини и Алекс Фергусон, си испратија „отровни стрели“, пред утрешното соочување на нивните екипи во ФА купот.

dobivaj vesti na viber

Ривалите од Манчестер, менаџерите на Сити и Јунајтед, Роберто Манчини и Алекс Фергусон, си испратија „отровни стрели“, пред утрешното соочување на нивните екипи во ФА купот. Вербалната пресметка ја започна Алекс Фергусон со изјавата дека Тотенхем, а не Сити, го игра најдобриот фудбал во Англија.„Лесно е да се отпише Тотенхем во овој момент, но според мене, тие го играат најдобриот фудбал во земјата“, рече Фергусон. На оваа негова изјава не му остана должен колегата од „синиот дел“ на Манчестер. „Знам дека е тешко да се каже дека нашите комшии го играат најдобриот фудбал. Тоа не е ниту малку лесно. Но, до овој момент ние го игравме најдобриот фудбал во Англија. Во секој град во кој постојат два големи клуба е многу напнато. Така е и во Рим и во Милано…“, рече Манчини. Фергусон на ова ретерираше, дека не би бил шокиран кога Јаја Туре би бил во стартните 11 за утрешниот меч, иако од Сити тврдат дека заедно со својот брат отпатувал за Париз, каде ќе се сретне со репрезентативните колеги. Најтрофејниот менаџер во Премиер лигата, додаде дека на утрешниот дуел, на испит ќе биде менталната стабилност на Сити, бидејќи тие се фаворити во ФА купот и Премиер лигата. „Сити има силен и искусен тим. Поради тоа нивните резултати за мене не се изненадување. Меѓутоа тие треба да знаат дека ние сме веднаш зад нив.“ Манчини, на ова рече дека нема намера да влегува во игрите на Фергусон и дополни дека има намера, со Манчестер Сити да го направи она што успеа да го стори со Интер. „Јунајтед го поседува тој победнички менатлитет веќе 25 години. Ако ја освоиме титулата или уште еден Куп тогаш ќе можеме да кажеме дека започнавме да им се приближуваме“, рече Манчини. Манчестер Сити минатата година го освои трофејот во ФА купот, што беше прв клупски трофеј по цели 35 години. крај/б92/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед

Објавено пред

Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.

dobivaj vesti na viber

Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.

Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем

Објавено пред

Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.

Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.

Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.

Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.

Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.

Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.

Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера

Објавено пред

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.

Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.

Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).

Foto/ depositphotos.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија8 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија11 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија13 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија13 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија13 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија14 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет14 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија15 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија16 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија16 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет16 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет18 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет18 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет18 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа19 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет19 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет19 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...