Свет
OCI повикува да се спречи геноцидот врз заедницата Рохингија
Организацијата за исламска соработка (OIC) во саботата во Џибути ги повика земјите постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации да ја спасат од геноцид малцинската муслиманска заедница Рохингија во Мианмар, која се смета за напрогонета во светот.
Во Мианмар со 56 милиони население од јуни траат етничките судири меѓу мнозинските будисти и малцинските муслимани од етничката заедница Рохингија, Досега во судирите се убиени најмалку 180 луѓе, а 110 илјади беа принудени да ги напуштат своите домови.
По повод историската посетана минамарската престолнина Рангун од страна на американскиот претседател Барак Обама која треба да се случи во понеделник, министерот за надворешни работи на Џибути и претседавач со Организацијата за исламска соработка (OIC), Махмуд Али Јусуф изјави дека од САД очекуваат на владата на Мианмар да и испратат силна порака за заштита на малцинството Рохингија.
„Таму се случува геноцид. Сметаме дека САД и другите земји членки на Советот за безбедност на ОН би требале многу брзо да дејствуваат, за да се спаси малцинството Рохингија“, изјави Али Јусуф на прес-конференција одржана по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки на OCI во Џибути.
Властите во Рангун кон средината на октомври одбија да отворат претставништво на OCI во Минамар./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египетската полиција приведе туристи кои се соблекле за фотографија кај пирамидите
Тројца млади шпански туристи беа приведени во Египет поради снимање „непримерени фотографии“ кај пирамидите во Гиза.
Според „Еџипт индепендент“, тие делумно се соблекле за време на фотографирањето, по што биле приведени од полицијата и испитани.
За време на истрагата, туристите изјавиле дека немале намера да го прекршат јавниот морал. Тие објасниле дека само сакале да направат смешни фотографии за спомен, не сфаќајќи дека ги кршат египетските закони.
По плаќање на парична гаранција од 5000 египетски фунти (околу 90 евра), тие се пуштени на слобода до завршување на истрагата.
Фото: Рипато / Freepik
Свет
Кина ги ублажува трговските тензии со Европа со ново одобрение за извоз на чипови
Кинеското Министерство за трговија одобрило продолжување на испораките на чипови на компанијата „Некспериа“, која е од клучно значење за европската автомобилска индустрија. Одлуката следи по договор меѓу Европската комисија и Пекинг за повторно активирање на трговијата со полупроводници, објави комесарот Марош Шефчович.
Портпаролот на кинеското министерство изјави дека Кина презела практични мерки за извоз во цивилни цели и ја повика холандската страна да ги исправи своите погрешни практики. Потегот дојде по тензиите предизвикани од холандската одлука да воведе вето врз управувањето со „Нексерија“ поради национална безбедност. Поради тоа Кина претходно го замрзна извозот на чипови, што ја загрози европската автомобилска индустрија.
По обновувањето на дел од извозот, автомобилските компании како „Волксваген“ веќе почнале да добиваат нови пратки, а акциите на „Вингтек технолоџи“ на берзата во Шангај пораснаа за повеќе од 3 отсто.
Паралелно, Кина привремено ја укина и забраната за извоз на некои стратешки суровини во САД, меѓу кои галиум и германум, што дополнително ги намали ризиците во глобалните синџири на снабдување.
Свет
Столтенберг: „Војната во Украина можеше да се избегне“
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, откри дека руската инвазија на Украина можеше да се спречи, но дека поддршката на алијансата дојде како „премногу мала, предоцна“.
Зборувајќи во интервју за РСЕ/РЛ на 7 ноември, тој исто така вели дека за време на мандатот се плашел дека НАТО може да се распадне.
Столтенберг се присети на напнатиот телефонски повик што го добил од украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари 2022 година додека руските тенкови се приближуваа кон Киев.
„Зеленски ми се јави од бункерот. Побара НАТО да го затвори небото и да ги запре руските авиони, беспилотните летала и хеликоптерите. Ми рече: ‘Знам дека НАТО може да го направи тоа, вие веќе го направивте тоа’“, рече Столтенберг.
Како што истакна, ако го стореа тоа, ќе почнаа целосна војна меѓу НАТО и Русија.
„Ќе моравме да ги уништиме руските системи за воздушна одбрана во Белорусија и Русија и да собориме руски авиони. Како што рече тогаш претседателот Бајден – „нема да ризикуваме трета светска војна поради Украина“, додаде Столтенберг.
Столтенберг, кој го водеше НАТО од 2014 до 2024 година, ги опиша раните реакции на алијансата на инвазијата како длабоко конфликтни.
„На 24 февруари 2022 година донесовме две одлуки: да ја зголемиме поддршката за Украина и да спречиме ширење на војната надвор од нејзините граници. Овие цели беа фундаментално контрадикторни. Ако нашата единствена цел беше победата на Украина, ќе испраќавме војници и авиони. Не го направивме ова за да избегнеме директна војна меѓу НАТО и Русија“, рече Столтенберг.
Столтенберг верува дека посилната воена поддршка за Украина по руската анексија на Крим во 2014 година би можела да го одврати Путин од почнување инвазија од големи размери.
„Нашата поддршка дојде предоцна и беше премногу слаба. Се плашевме да ја провоцираме Русија, но Русија сепак изврши инвазија“, додаде тој.
Сега, како норвешки министер за финансии, Столтенберг истакнува дека Русија може да се согласи на преговори само со зајакнување на Украина на фронтот.
„Не можеме да го предомислиме Путин, тој сака контрола врз Украина. Но, можеме да ја промениме неговата пресметка. Ако цената стане превисока, тој би можел да седне на преговарачка маса. Зеленски понуди разговори за прекин на огнот, но Путин ги отфрли. Мораме да ја направиме Украина посилна на бојното поле“, додаде Столтенберг.

