Спорт
Европски олимписки игри?!
Високи 87 отсто од Европските олимписки комитети (ЕОК), меѓу кои и Македонскиот олимписки комитет, му дадоа силна поддршка на концептот за организација на Европски олимписки игри, додека над 40 отсто изразија желба да бидат домаќини на овие игри
Ова е резултат на истражувањето кое го спроведоа ЕОК-и и во кое беше вклучен и Македонскиот олимписки комитет, а претседателот на ЕОК-и, Патрик Хики изрази огромно задоволство од добиените резултати„Оваа поддршка која ја добивме од страна на Европските олимписки комитети е драгоцена во насока на одржување на еден проект кој е поддржан не само од Меѓународниот олимписки комитет, туку и од страна на многубројните Меѓународни телевизиски компании, меѓународни спортски федерации, од спортските административци, но и од страна на спортистите. Следен чекор кој Европските олимписки комитети ќе го направат е основање на компанија која ќе направи темелна студија за можноста оваа идеја да се спроведе во дело, а одлуката ќе биде објавена до крајот на март 2011 година “, рече Хики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларна пресметка на најдбрите дебитанти во НБА лигата
Изминатата ноќ во НБА ја обележааа дебитантите Кон Кнупел и Купер Флег. Шарлот Хорнетс го победија Далас со 123:121.
Пресметката на најдобрите дебитанти во лигата оваа сезона му припадна на Кон Кнупел. Тој беше херојот на Шарлот, постигна34 поени, вклучувајќи ги и победничките слободни фрлања на четир секунди до крајот.
На спротивната страна Купер Флег натпреварот го заврши со 49 поени. Флег го сруши рекордот на НБА, кога се во прашање дебитантите, кој го држеше Клиф Робинсон од 1980 година со 45 поени.
Но, во финишот, тој направи клучна грешка и промаши шут за продолжение.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/
Спорт
(Видео) Минесота со 22 тројки и пресуди на Оклахома
Кошаркарите на Оклахома ја продолжија одбраната на шампионските прстени во НБА со својот 11-ти пораз во тековната сезона. Минесота ја надигра Оклахома со 123:111.
Домашниот тим излезе на загревање во црни маички, со натпис за поддршка на граѓаните на најголемиот град во споменатата американска држава, по уличните убиства на цивили од страна на федералните агенти во последните недели.
Минесота ја забележа третата победа по ред, откако ја прекина серијата од пет порази. Оклахома загуби три од последните четири натпревари, но сепак е лидер во НБА лигата со 38 победи.
Ентони Едвардс постигна 26 поени, а Тимбервулвс го израмнија својот рекорд во сезоната со 22 постигнати тројки. Џејден МекДениелс постигна 21 поен, а Наз Рид додаде 18 поени.
Оклахома ја предводеше Шеј-Гилџес Александер со 30 поени.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил

