Македонија
????? ?????????? ????????? ???????? ?? ???????? ??????
Вешта измамничка оштетила неколку охридски хотели во кои преноќувала без да плати, јавува OhridNews.
Вешта измамничка оштетила неколку охридски хотели во кои преноќувала без да плати, јавува OhridNews.
Таа се претставувала како извесна Зорка М. и под изговор дека ја заборавила личната карта при пријавување во хотелите оставала трансакциона картичка, за која се претпоставува дека е украдена. Без да плати напуштала еден и се селела во друг хотел.
Измамничката била откриена случајно во разговор помеѓу сопственик на хотел во кој таа отседнала и колега кој му посочил дека гостинка која престојувала во неговиот објект неколку дена, си заминала без да плати. За случајот била известена полицијата, но сомнителното лице не е идентификувано, затоа што не поседувало никаков личен документ.
Измамничката на возраст од околу 40 години била исклучително претставителна, а според акцентот се претпоставува дека е најверојатно од Скопје или Куманово.
На оштетените хотелиери од страна на полицијата им било советувано да покренат приватна тужба за наплата на трошоците, бидејќи полицијата согласно законот не може присилно да изврши наплата.
Хотелиерот со кој контактираше OhridNews, не информираше дека ваква измама пријавиле повеќе охридски хотели. Со цел да не се повтори нешто слично за случајот се известени сите хотели на ривиерата, а предупредување е испратено и до приватните станоиздавачи./крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.
Македонија
Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги
Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.
Тој во текст објавен на социјалните мрежи пишува дека безбедносно – разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство. Овие злоупотреби, според Чулев, се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта.
„Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени“, вели Чулев.
Ексминистерот натаму прашува доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не биле доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати било побарано од негова страна. Додава дека неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија.
Скопје
Без вода попладнево неколку улици во Скопје
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради уличен водоводен дефект од Ф 80 мм на улицата Роза Луксембург бр. 8, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Роза Луксембург, Христо Смирненски, улицата 9 Мај, улицата Костурски херои, Борка Талевски, Васил Стефановски, Петар Попарсов и улицата Диме Аницин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 16 часот до санирање на дефектот.