Македонија
Протестен марш на опоизцискиот СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска организира сенароден протестен марш под мотото „Доста е! Избори се за иднината“.
Опозицајата го најави маршот како знак на незадоволство од политиките што ги спроведува актуелната влада, кои спред нив, довеле до масовно осиромашување на граѓаните и загрозување на угледот на земјата во меѓународни рамки.Во соопштението се вели дека маршот ќе започне од Карпош 3 и ќе се движи по булеварот Партизански одреди се до Собранието на Македонија каде ќе се обрати претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.Според најавите на протестиот марш низ скопските улици , на социјалдемократите ќе им се придружат и раководствата и членнството на либералите, на Сојузот на Титовите леви сили и др.Како што се дознава од кругови блиски на Обединети за Македонија, лидерот Љубе Бошкоски за во недела од претходно имал закажано трибина во Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

