Македонија
Целосна забрана за движење во шума
Целосна забрана за движење во шумите од 17 часот до 7 наутро се воведува во наредните десет дена, соопшти денеска Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целосна забрана за движење во шумите од 17 часот до 7 наутро се воведува во наредните десет дена, соопшти денеска Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Движењето во шумите ќе биде дозволено исклучиво на вработените во претпријатијата кои што вршат сеча на шумите, и тоа во период од 7 до 17 часот. МВР, Шумската полиција и армијата се задолжуваат да вршат 24 контролирање и легитимирање во шумските предели во следните десет дена“, рече Димовски.
Како што кажа министерот според прогнозите на УХРМ во наредните неколку дена се очекуваат високи температури поради што е зголемена опасноста од појавата на шумски пожари.
Шабан Салиу директорот на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека е зголемена мобилноста на екипите и дека во моментов никаде нема пожар.
Како што кажа Димовски, од 1 јули избувнале 219 големи пожари во кои изгореа 7.000 хектари шума./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска
Општина Центар подготвено ги дочека денешните снежни врнежи, објави на ФБ, градоначалникот Горан Герасимовски.
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели Герасимовски.
Во објавата се додава дека „Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи“.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Активни забрани за тешки товарни возила:
– Тетово-Попова Шапка
– КриваПаланка граничен премин Деве Баир
– Гостивар-Маврово-Дебар
– Гостивар-Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер
Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, информира УХМР.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Минималните температури ќе се движат од -6 до 3, а максималните од -4 до 4 степени целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.