Свет
Мубарак преживеа шест атентати, ќе биде запаметен како е симнат од власт
Индиската новинска агенција ПТИ објави кус преглед на 30-годишното владеење на Хосни Мубарак во Египет, осврнувајќи се на некои занимливи моменти од неговата биографија.
„Преживеа шест атентати за време на владеењето со железна рака, но не успеа да ги преживее незапаметените протести во организација на сопствениот народ. До избувнувањето на протестите се чинеше дека 82-годишниот Мубарак не може да биде сменет од местото на чело на Египет“, пишува ПТИ.
„Кога беше избран за претседател во 1981 година, ретко кој очекуваше дека на таа позиција ќе се задржи во наредните 30 години.
За време на неговото претседателствување најмалку шестпати беше цел на атентатори. Најопасен беше обидот за атентат врз него во 1995 година во Адис Абеб, но Мубарак како да имаше повеќе животи.
Интересно е тоа што благодарение на атентатот врз неговиот претходник дојде на власт“, опишува ПТИ.
Од агенцијата додаваат дека тој никогаш не пушел и не пиел. Како што наведуваат во текстот има репутација на човек кој води здрав живот./крај/ихр/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.