Контакт

Свет

Русите имале свој 11 септември во 1976

Објавено пред

Советска Русија имала инцидент кој е базиран на акција како онаа што ја предизвика трагедијата во САД на 11 септември 2001 година

dobivaj vesti na viber

Само што тоа се случило пред 33 години, во 1976-та.За ова не знаеле ни повеќето жители на СССР. Настанот не се случил во Москва или тогашен Ленинград, туку во Новосибирск, познат како град на научници – место каде биле лоцирани повеќето од истражувачките центри во СССР. Сценариото било исто: маж киднапирал авион и намерно го удрил во повеќекатна зграда со цел да убие што е можно повеќе луѓе и да предизвика што е можно поголемо разурнување.  Се разбира, размерите на инцидентот биле многу помали од оние во Њујорк и од сосема бизарна причина – киднаперот на авионот сакал да ја убие мајката на својата сопруга. Тешко е да се разбере како вакво нешто можело да се случи во срцето на тогашен СССР. Киднаперот бил член на КП и имал тренинг-часови по летање во рамки на Советската младинска организација. Имало 12 жртви, но меѓу нив не била мајката на сопругата на киднаперот која спротивно на нејзиниот распоред, во тие моменти не била дома. Меѓу жртвите бил и самиот киднапер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

Објавено пред

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив.

dobivaj vesti na viber

Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на неговата разорна одмазда за израелските напади.

https://x.com/i/status/1933592180184006762

Прикажи повеќе...

Свет

Путин го осуди израелскиот напад врз Иран

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, во одвоени телефонски разговори му рекол на иранскиот претседател дека Москва ги осудува акциите на Израел против Техеран и му рекол на израелскиот премиер дека прашањата поврзани со иранската нуклеарна програма може да се решат само дипломатски.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението за печатот на Кремљ се наведува дека Путин му рекол на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Русија „ги осудува акциите на Израел кои ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации“ и изразил сочувство за загинатите.

Се известува дека Путин во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја истакнал важноста од враќање на преговарачкиот процес и решавање на сите прашања поврзани со иранската нуклеарна програма преку политички и дипломатски средства“.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека Русија останува во близок контакт со Иран и Израел.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Одмаздата против Израел почна

Објавено пред

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА.

dobivaj vesti na viber

Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.

„Пред неколку моменти, со лансирање на стотици различни балистички ракети кон окупираните територии, започна операцијата на решителен одговор на варварскиот напад на ционистичкиот режим“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Како што јави Хаарец, израелската армија најави дека ќе се огласат сирени за воздушен напад низ целата земја и ги повика граѓаните веднаш да одат во засолништата. Тие додаваат дека повеќе од 100 ракети биле лансирани од Иран, а сирените се огласиле низ Израел.

Главниот дописник на Гардијан за Блискиот Исток, Ема Греам-Харисон, известува од Тел Авив дека над градот се слушаат бројни пресретнувања на ракети. Eксплозии одекнаа во Ерусалим, јавува „Си-ен-ен“.

Огромни облаци од чад се издигнуваат над Тел Авив, видливи над облакодерите во центарот на градот.

Чадот е толку густ што целосно се надвива над високите згради околу него.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека бран ракети бил лансиран кон Израел.

„Нападот е во тек“, се вели во објавата.

Телевизијата Канал 13 известува за пожар во близина на седиштето на израелското Министерство за одбрана во Тел Авив, додека Израел Хајом јавува дека ракети паднале на седум различни локации во централниот дел на земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет36 минути

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет1 час

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...

Македонија6 часа

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија8 часа

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија8 часа

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија9 часа

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија10 часа

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија10 часа

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет11 часа

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија11 часа

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион12 часа

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија12 часа

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија12 часа

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет13 часа

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...

Свет14 часа

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет15 часа

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет15 часа

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...

Свет15 часа

Трамп: Однапред знаевме за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но...

Свет15 часа

Убиен висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер...