Свет
Четири цивили загинаа во Авганистан

Четворица цивили биле убиени во понеделник кога бомбаш самоубиец со автомобил бомба нападнал конвој предводен од НАТО во јужен Авганистан
„Четири цивили загинаа, а еден ранет во нападот“, изјавил Мохамад Ибрахим, лекар во болницата во Кандахар.Во одвоен напад неколку километри од аеродромот во Кандахар, неколку странски војници биле повредени во експлозија на крајпатна мина, потврдиле извори од администрацијата на провинцијата.Аеродромот е клучна точка за логистика во големата офанзива од страна на авганистанските и меѓународните сили која се води во соседната провинција Хелманд веќе две седмици.Странски војници патролирале биле повредени при патролирање, изјавиле сведоци, додавајќи дека коалициските хеликоптер веднаш ги евакуирале повредените.Репортерите на Reuters, пренесоа дека мостот во близина на местото на нападот биле сериозно оштетен. Талибаните во понеделник преку својата интернет страница ја преземаа одговорноста за нападот, тврдејќи дека најмалку 11 странски војници биле убиени во нападот.Портпаролот на силите на НАТО во Авганистан го потврди нападот врз конвојот, но засега не излезе со други детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Рутe: НАТО сериозно го сфаќа попречувањето на GPS сигналите, работиме на тоа да го спречиме

НАТО го сфаќа попречувањето на GPS сигналите многу сериозно, а Алијансата постојано работи на спречување на попречување и осигурување дека тоа нема да се случи повторно, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Тој го изјави ова откако се прекинал GPS сигналот на авионот во кој се наоѓаше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на пат кон Бугарија, објави Ројтерс.
Бугарската влада соопшти дека GPS сигналот бил изгубен додека авионот на Фон дер Лајен се приближувал кон Пловдив во јужна Бугарија, што ги натерало контролорите на воздушниот сообраќај да се префрлат на системи за навигација на земја за да обезбедат безбедно слетување. Инцидентот се случил додека Фон дер Лајен била на четиридневна турнеја низ земјите-членки на ЕУ што граничат со Русија, објави Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
Путин ги негира руските планови за напад врз Европа

Европските тврдења дека Русија наводно планира напад врз Европа се провокација или целосна некомпетентност, изјави рускиот претседател Владимир Путин во Кина.
„Секој разумен човек е совршено свесен дека Русија никогаш немала, нема и никогаш нема да има желба да нападне никого“, рече Путин.
Тој исто така изјави дека ваквите тврдења се целосна бесмислица и немаат основа.
„Што се однесува до ‘агресивните планови на Русија во однос на Европа’, сакам уште еднаш да нагласам дека ова е целосна бесмислица, која нема апсолутно никаква основа“, рече рускиот лидер.
Путин исто така изјави дека Москва никогаш не се спротивставила на евентуалното членство на Украина во Европската Унија.
Фото: ЕПА
Свет
Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун.
Како што изјави, од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година ќе важи пробна политика за безвизен режим за руските граѓани што имаат обични пасоши, пренесува „Танјуг“.
Според него, Русите може да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.
„Под стратешко водство на двајцата шефови на држави кинеско-руските односи одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу народите на двете земји, го поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатно стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесува ТАС.
Во оваа пригода тој исто така рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.
Фото: принтскрин