Контакт

Свет

Кредиторите потврдија дека предлозите на Атина се основа за преговори

Објавено пред

Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги известиле владите на државите членки на еврозоната дека предлозите на Грција во врска со економските реформи, кои се предуслов за продолжување на финансиската помош на земјата претставуваат база за преговорите, потврди во саботата портпаролот на челникот на Еврогрупата, Михел Рејнс.

dobivaj vesti na viber

„Оцената на ситуацијата во Грција (за добивање на помош преку Европскиот механизам за стабилизација – ESM) и прелиминарниот преглед на предлозите за реформите од меѓународните институции Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се добиени“, изјави за AFP портпаролот на претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јероен Дијслеблом.

Средбата на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната треба да започне по 15 часот по средноевропско време.

„Трите институции ја дадоа првата заедничка оцена на грчките предлози за реформите коишто Атина ги претстави во четвртокот навечер. Под одредени услови, трите институции гледаат на предлозите како на основа за преговорите околу програмата на Европскиот механизам за стабилизација. Таа процена минатата ноќ му е испратена на претседателот на Еврогрупата“., рекол за Reuters неименуван европски функционер.

Оваа препорака се смета за важен чекор пред состанокот на Еврогрупата, којашто треба да донесе одлука за барањето на Атина да добие помош од ESM. ЕК, ЕЦБ и ММФ имаат сега оцена на грчките предлози врзани со економските реформи, што е предуслов да се добие заем со кој Грција ќе го избегне дефинитивниот банкрот.

Грчкиот парламент ноќта кон саботата гласаше и го поддржа пакетот нови мерки врз основа на кои премиерот Алексис Ципрас би требало да ги продолжи преговорите со меѓународните кредитори за продолжување на надворешната финансиска помош.

Иако и самиот Ципрас пред парламентот призна дека станува збор за „тешки“ мерки, на крајот од 300 пратеници 251 му дадоа поддршка, 32 беа „против“ а 8 беа воздржани, додека 9 не беа присутни на седницата која заврши доцна во ноќта.

Против новиот предлог, кој инаку претставува комбинација од сголемување на даноците и намалување на јавната потрошувачка, со што всушност не се разликува многу од предлогот на доверителите кој на 5-ти јули Грците со големо мнозинство го отфрлија на референдумот поддржувајќи го Ципрас, се изјаснија 7 пратеници на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, додека 8 од нив беа воздржани. Но потребното мнозинство не беше доведено во прашање, бидејќи пакетот мерки го поддржа најголемата опозициска партија конзервативната Нова демократија, којашто пред референдумот повикуваше да биде прифатен предлогот на кредиторите кој Ципрас го нарече „ултиматум“

По добиената поддршка во парламентот, премиерот Ципрас изјави дека сега има „силен мандат да ги доврши преговорите за да се постигне економски одржлив и социјално праведен договор“.

Грчката влада инаку на доверителите им понуди план за радикални реформи насочени кој подобрување на јавните финансии, во замена за отстапки од нивна страна и финансирање во износ од дополнителни 53,5 милијарди евра до средината на 2018 година. Еден од многубројните предлози понудени до Еврогрупата е укинувањето на повластената даночна стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) за бродосопствениците. Новиот предлог, исто така, го вклучува и ветувањето на владата во Атина да ги одреди роковите до кои ќе се спроведе тендерска постапка за приватизацијата на двете главни грчки пристаништа Пиреа и Солун, најдоцна до октомври годинава. Покрај тоа, се нуди и забрзување на подготовките за приватизација на регионалните аеродроми, железничката компанија „TrainOSE“, како и територијата на поранешниот атински аеродром „Елиникон“.

Во замена за понудата за реформите, Грција од своја страна очекува преразгледување на целите ориентири за големината на примарниот буџетски дефицит за следните четири години и доделување на спомнатите 53,5 милијарди евра од ЕSM за покривање на обврските од јавниот долг до крајот на јуни 2018 година.

Врз основа на препораките од ЕК, ЕЦБ и ММФ, можноста за отворање на преговорите треба да го разгледаат министрите за финансии на еврозоната во Брисел во саботата. Доколку тие го поддржат, одлуката за прифаќање на грчкиот предлог би можело да биде донесена на вонредниот самит на челниците на земјите членки на Европската унија, кој би се одржал во недела.

Пред состанокот на Еврогрупата, се огласија и САД повикувајќи поддржувајќи го грчкиот предлог во замена за продолжување на финансиската помош и останување на Грција во еврозоната.

Останувањето на Грција во европската монетарна унија, исто така, го поддржуваат и мнозинството Грци, според анкетата којашто беше објавена во петокот. Според неа, дури 84 отсто од испитаниците се изјасниле во полза на еврото, додека само 12 отсто го поддржале враќањето на националната валута – драхмата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија2 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет3 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија3 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија3 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија3 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет4 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија16 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија16 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ16 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија17 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија18 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија20 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ21 час

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија23 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија23 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија23 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија23 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија1 ден

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...