Свет
Најмалку 31 лице загинаа во три напади во Лахор
Најмалку 31 лице загинаа во три самоубиствени напади во Лахор за време на шиитската молитва. Пакистанските власти денеска го соопштија најновиот биланс на жртви, во нападите што се случи вчера.
Најмалку 31 лице загинаа во три самоубиствени напади во Лахор за време на шиитската молитва. Пакистанските власти денеска го соопштија најновиот биланс на жртви, во нападите што се случија вчера.
„Во нападите загинаа 31 лице, а 281 се повредени“ рече портпаролот на итната помош во Лахор, Фахимк Џенаџеб.
Тој додаде дека стравува дека конечниот број на жртви ќе се зголеми поради големиот број на повредени кои се наоѓаат во критична состојба.
Шиитите се често мета на напад на сунитските екстремисти во Пакистан. Во 2007 година се случија повеќе од 400 напади во кои загинаа 2.600 лица. Напаѓачите претежно биле талибанци поврзани со терористичката организација Ал – Каеда./крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ му ја честита победата на Милановиќ на претседателските избори во Хрватска
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, упати честитка до Зоран Милановиќ за победата на претседателските избори во Хрватска, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Републиката.
Врз основа на 100 отсто преброени гласови, актуелниот претседател Зоран Милановиќ освои 74,69 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Хрватска, а неговиот противкандидат Драган Приморац (ХДЗ) освои 25,32 отсто од поддршката, објави утрово хрватската Државна изборна комисија (ДИК).
Милановиќ освоил 1.122.859 гласа, а Приморац 380.752 гласа.
Свет
Данскиот министер за надворешни работи: Ќе разговараме за безбедносните интереси на САД на Арктикот
Данска разбира дека САД имаат безбедносни интереси на Арктикот и е подготвена да разговара за тоа со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави денеска данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен.
Тој на прес-конференција во Ерусалим изјави дека Данска е подготвена да ги продолжи разговорите со Трамп во тесна соработка со Гренланд за да ги обезбеди легитимните американски интереси, пренесе „Ројтерс“.
Трамп во јануари рече дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд, кој е автономна данска територија.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека е уверен оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе признае оти Гренланд е дел од Кралството Данска, иако тој призна дека реториката на Трамп понекогаш може да биде дестабилизирачка.
Зборувајќи за радио Би-би-си, Лами рече дека од првиот мандат на Трамп било јасно дека интензитетот на неговата реторика и непредвидливоста на неговите изјави понекогаш може да предизвикаат нестабилност.
Свет
Белешките на мртвите севернокорејски војници откриваат ужасна тактика: „Човечката мамка треба да биде на 7 метри од дронот“
Рачно напишаните белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија откриваат ужасна тактика во која војниците на Пјонгјанг се користат како мамка за соборување на украинските беспилотни летала.
Украинските сили за специјални операции пронашле белешки во кои војниците опишале смртоносни тактики и ја изразиле својата љубов кон својот лидер Ким Џонг-ун и копнежот да се вратат во својата татковина, пишува британски „Телеграф“.
На еден од цртежите од пронајдената тетратка се гледа како војник излегува за да го привлече вниманието на дрон, а неговите двајца другари чекаат да го соборат.
„Кога мамката стои, дронот ќе застане и ќе биде соборен“, напишал војникот во своите белешки.
Детаљно е опишано како човечката мамка треба да стои на седум метри од украинскиот дрон, кој потоа ќе биде неутрализиран со прецизен удар.
Воените набљудувачи и украинските команданти велат дека севернокорејските војници не се обучени за модерно војување и дека Русите ги користат како топовско месо испраќајќи ги пеш преку отворени полиња, без артилериска поддршка, за да ја тестираат украинската одбрана, додека се придружувани од мали групи руски специјални сили.
Речиси 4.000 Севернокорејци веќе се убиени или повредени, изјави во четвртокот украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Американските власти проценуваат дека само во последната недела од декември биле убиени повеќе од 1.000 војници од Пјонгјанг.
Рачно напишаниот дневник, кој беше пронајден на 21 декември, му припаѓал на млад војник што загинал на фронтот заедно со двајца сонародници, соопштија украинските специјални сили.
Неколку дена претходно украинските сили заробија двајца севернокорејски војници, кои рекоа дека мислеле оти биле испратени во Украина на обука, а не во вистинска борба.
Зеленски му ги понуди заробените војници на Пјонгјанг во замена за украинските воени затвореници, кои се држат во Русија, додавајќи дека Киев сигурно ќе зароби повеќе севернокорејски војници во иднина.
Многу од илјадниците севернокорејски регрути испратени во Русија во октомври сѐ уште биле тинејџери. Паднатиот војник, чиј дневник бил пронајден на бојното поле во руската област Курск, опишал како му недостигале родителите и како го прославил роденденот на својот колега.
„Копнеам по мојата татковина откога ја напуштив топлата прегратка на моите драги татко и мајка, а овде во Русија го славам роденденот на мојот најблизок другар Сонг Џи Мионг“, напишал војникот.
Неговиот дневник покажува и како младиот регрут бил длабоко индоктриниран и целосно лојален на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-Ун.
„Дури и по цена на мојот живот, без двоумење, ќе ги извршувам наредбите на врховниот командант“, напишал младиот човек.
Според договорот за заемна воена помош, потпишан со Владимир Путин минатиот јуни, Ким испрати речиси 12.000 регрути да им помогнат на руските сили да ги протераат украинските војници од регионот Курск.
Во замена за војници и резерви ракети и артилериски гранати Путин наводно ѝ испраќа гориво на Северна Кореја и му помага на Ким да лансира шпионски сателити.
Руските воени блогери велат дека војниците на Кремљ се обидуваат да ги истуркаат преостанатите украински воени единици од регионот Курск пред Доналд Трамп да положи заклетва како американски претседател на 20 јануари по што би можел да се обиде да наметне мировен договор.