Македонија
Уплатени парите за продолжување на спорот Велес против државата
Зелената коалиција ги уплати парите за вештачењето на парцелите за продолжување на судскиот спор Велес против државата
На сметката на Основниот суд Велес денеска легнаа 78.750 денари, пари што зелените и новинарите ги собраа од граѓаните и фирмите. Следува утврдување на меѓите на парцелите и нивно вештачење
„Ова се пари на граѓаните на Велес, тие докажаа дека сакаат да живеат во чиста и здрава животна средина и дека се заинтересирани за здрави поколенија и здрави генерации. Ова докажува дека тие се против рестартирање на Топилницата, рече Анѓелче Гушев од Зелената коалиција. Вкупната сума од 90 илјади денари што требаше да се уплати, ќе ја дополни општината со нејзиниот дел. Со уплатата на парите ќе почне утврдувањето на меѓите и границите на парцелите што треба да се вештачат со цел да се докаже и потврди вистината за загадувањето од тешките метали. „Со ова ќе се случи обештетување на градот, конечно ќе се докаже вистината и ќе живееме во здрава животна средина, рече Весна Шкортова од Зелената коалиција. Зелените го испочитуваа рокот за уплата и за само 12 часа ги собраа потребните пари. Што следно ќе се случи со судскиот спор Велес против државата ќе се знае на 14-ти септември за кога е закажано следното рочиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Косово се обидел да прошверцува 48.000 пара чорапи преку Блаце, покренато е обвинение
Скопското обвинителство поднесе обвинение против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за криумчарење.
На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација, соопштија од Обвинителството.
Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.
Македонија
Парно греење нема ниту во училиштата и градинките, СДСМ повика на формирање на кризен штаб
Опозициската СДСМ повика на формирање на кризен штаб, откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно.
Според информациите, греење нема во Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец. Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, а родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата.
„Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ. Децата и изнемоштените луѓе, во 21 век се оставени на милост и немилост на несподобните директорчиња од ДПМНЕ и министерката за енергетика, блиска до Мицкоски“, велт од СДСМ.
Од тука додаваат дека двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно, а доминатен дел со струја. Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури, велт од СДСМ.
„Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај минстерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент. Ги повикуваме веднаш да формираат кризен штаб, брзо да се реагира и веднаш граѓаните да добијат греење. Во време на голема светска енергетска криза СДСМ не дозволи да има прекини, граѓаните имаа непречено и струја и парно греење!“, се вели во партиската реакција.
Од ЕСМ претходно информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа, е намалена испораката на топлинска енергија и се работи на изолирање на проблемот со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.
Македонија
Милошоски: За првпат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД
Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена, вели пратеникот и поранешен шеф на дипломатијата, Антонијо Милошоски.
Според него, ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија.
„Склученото стратешко партнерство од 2008. година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес“, вели Милошоски.
Како што додава, во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика.