Македонија
Груевски: Ако е против бојкот, Црвенковски нека се врати во Парламентот
Доколку е против бојкот како што изјавува, тогаш Црвенковски нека се врати во Парламентот, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски,
Доколку е против бојкот како што изјавува, тогаш Црвенковски нека се врати во Парламентот, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ што тој ја даде по вчерашната средба со претседателот на Европската комисија, Баросо, пренесува интернет весникот Ohridnews.„Тој со месеци прави бојкот, не знам што да коментирам понатаму. Најдобар коментар е она што го слушам денеска од граѓаните кои се чудат како е можно некој со месеци да прави бојкот и може да каже дека е против бојкот. Па ако е против бојкот, нека дојде во Парламентот нека не прави бојкот“,, истакна Груевски по пуштањето во употреба на реконструираниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Во врска со евентуалното влијание на претстојните парламентарни избори на евро интегративните процеси, премиерот во изјава за медиумите рече дека Владата има цврст договор оти за време на изборите не смее да има заостанување на реформите.„Договоривме уште отсега да се распределат сите потребни задачи до целата администрација, стручните лица и сите што треба да ги подготват сите проекти и закони поврзани со евроинтеграцискиот процес. И за време на распуштањето на Парламентот и кампањата од 20 дена, како и текот за формирање на новата Влада да нема никаков застој и реформите да се одвиваат во најдобар можен тек, со динамика која нема да биде намалена и да не дојде до некое посериозно заостанување“, изјави Груевски. крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

