Свет
Русија ги обвини САД за бројни прекршувања на човековите права
Бројни прекршувања на човековите права во САД се нотирани во годишниот извештај на руското министерство за надворешни работи „За состојбата со човековите права во земјите во светот“, објавен во средата на интернет страницата на руското министерство.
Бројни прекршувања на човековите права во САД се нотирани во годишниот извештај на руското министерство за надворешни работи „За состојбата со човековите права во земјите во светот“, објавен во средата на интернет страницата на руското министерство.„Ситуацијата во САД е далеку од идеалите што ги декларира Вашингтон“, се наведува во документот.Главниот нерешен проблем, се истакнува во текстот, се состои во постоењето на затворот во заливот Гвантанамо, каде сé уште се затворени повеќе од 170 лица осомничени за тероризам, вклучувајќи и еден русофон.„САД продолжува да бидат земја со најголема ’затворската популација’(според податоците на министерството за правда на САД, во 2009 година таа изнесуваше 2,3 милиони лица) и највисока стапка на затвореници по глава на жител во светот (743 на 100 илјади жители)“, се вели во документот. Така, зад решетки е секој 132-ри американски државјанин, а повеќе од 140 илјади се наоѓаат на издржување доживотни казни.„Сегашната администрација продолжува да применува повеќето од методите за контрола над општеството и вмешување во приватноста на Американците, донесени од безбедносните служби во времето на претседателот Џорџ Буш под образложение ’војна со тероризмот“, се наведува во извештајот на руското министерство за надворешни работи. „Притоа, Белата куќа и Министерството за правда заштитуваат од одговорност оперативци на ЦИА и високи функционери одговорни за големите и флагрантни кршења на стандардите за човекови права“, го цитира извештајот РИА Новости.Во документот особено внимание се посветува на повредата од страна на САД на меѓународното хуманитарно право во регионите на вооружените конфликти и за време на анти-терористички операции, за неселективна и несразмерна употреба на сила. Москва обрнува внимание и на „влошувањето на долготрајните системски проблеми во американското општество“, меѓу кои се набројуваат расната дискриминација, ксенофобијата, пренатрупаноста на затворите, несоодветната примена на смртната казна, во таа смисла и кон лица со недокажана вина, малолетни и ментално болни, недоизграденоста на изборниот систем, корупцијата…„Во услови на хроничен дефицит на федералниот и локалните буџети, се појавува и кризата на судскиот систем, вклучувајќи го и ограничениот пристап до правдата за посиромашните“, се вели во извештајот на руското министерство за надворешни работи.Руско-американските односи претпрпеа сериозна штета поради екстериторијалната примена на американското право, што доведе до истраги и апсења на руските државјани Виктор Бут и Константин Јарошенко врз сведочења на „божемни агенти и сомнителни докази“.Останува сé уште да се издвојува и ситуацијата со слободата на говорот во САД, којашто по 11 септември 2001 година беше строго ограничена, нагласува рускoто министерство за надворешни работи. Покрај тоа, новинарите во САД сé уште ги губат своите работни места поради своите „политички некоректни“ истапувања, а Конгресот веќе неколку години не може да донесе закон којшто на новинарите ќе им го овозможува правото да ги чуваат во тајност своите извори (освен во некои случаи, кога судот го смета откривањето за потребно), се вели во документот.„Ахиловата петица“ на американската Темида, според Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, покрај смртната казна, продолжува да биде правото на абортус. „Во текот на изминатите 30 години постфактум биле ослободени од обвинението повеќе од 130 затвореници“, се додава во извештајот.Русија во извшетајот ги критикуваше и членките на Европската унија поради односот кон верските малцинства и особено Велика Британија поради кршењето на човековите права по големите протести во август 2011 година.
Западните медиуми, пак, забележуваат дека Кина во рускиот извештај за состојбата на човековите права во светот се споменува само со една реченица./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кралот Чарлс ја поддржува истрагата за врските на неговиот брат Ендру со Џефри Епстин
Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија.
Полицијата од областа Темз Вели, која е надлежна за регионите западно од Лондон, вклучително и Виндзор каде што се наоѓала поранешната резиденција на членот на кралското семејство, покренала истрага по медиумските објави за мејлови што укажуваат дека тогашниот принц му испраќал на Епстин извештаи од својата турнеја во Југоисточна Азија во 2010 година, кога бил британски пратеник за меѓународна трговија.
Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека тој е „длабоко загрижен“ поради откритијата што произлегуваат од американската истрага поврзана со починатиот сексуален престапник.
Свет
Маск: САД 1.000 посто ќе банкротираат без вештачка интелигенција и роботи
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, предупреди дека експлозијата на американскиот јавен долг може да доведе до финансиски колапс на САД доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, јавува „Форбс“
Во интервју за подкастерот Дваркеш Пател, Маск изјави дека без масовна примена на ВИ и роботи, САД „1000% ќе банкротираат“. Тој посочи дека јавниот долг достигнал 38,5 билиони долари, а каматите изнесуваат околу еден билион долари годишно, што веќе го надминува воениот буџет.
Маск објасни дека неговата поддршка за кратење на државната потрошувачка, додека го водел Одделот за ефикасност на владата (DOGE), имала цел да се забави „неодржливата фискална траекторија“ и да се добие време додека новите технологии го поттикнат економскиот раст.
Тој предупреди дека масовната автоматизација може да доведе и до силна дефлација, бидејќи производството на добра и услуги би растело побрзо од паричната маса.
Сепак, експертите посочуваат дека САД имаат предности – доларот е светска резервна валута, а Министерството за финансии може да се задолжува по релативно ниски каматни стапки. Комитетот за одговорен федерален буџет предупреди дека, иако е невозможно да се предвиди точен момент, некаква фискална криза е речиси неизбежна доколку не се промени насоката на фискалната политика.
Свет
Соработничката на Епстин бара помилување од Трамп за да сведочи пред Конгресот
Партнерката на американскиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, Гилен Максвел, е подготвена да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доколку ѝ биде одобрено помилување или намалување на казната од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти нејзиниот адвокат, Дејвид Маркус.
Претходно, Максвел одби да сведочи, повикувајќи се на уставното право да молчи и одбивајќи да одговара на прашањата на членовите на комитетот.
„Ако овој комитет и американската јавност навистина сакаат да ја слушнат нефилтрираната вистина за тоа што се случило, постои едноставен пат. Госпоѓа Максвел е подготвена да зборува целосно и искрено ако претседателот Трамп ѝ одобри помилување“, напиша Маркус на социјалната мрежа Икс.
Како причина за одбивањето да сведочи, одбраната наведе дека е во тек постапка за преиспитување на законитоста на пресудата, тврдејќи дека осудителната пресуда се темели на „фундаментално неправедно судење“.
Во соопштението се наведува и дека дел од поротниците за време на изборот на поротата дале неточни изјави за да бидат избрани, како и дека администрацијата наводно ветила имунитет, кој потоа бил прекршен – нешто што, според адвокатот, го потврдуваат новообјавените документи.
„Само таа може да даде целосен приказ на настаните. Вистината е важна, дури и ако на некого не му се допаѓа“, наведува Маркус, додавајќи дека ниту Трамп ниту поранешниот претседател Бил Клинтон „не учествувале во никакви незаконски дејствија“ и дека Максвел може да објасни зошто.
Претседавачот на Комитетот за надзор, републиканецот Џејмс Комер, ја оцени одлуката на Максвел да се повика на правото на молчење како „многу разочарувачка“, истакнувајќи дека пратениците имале бројни прашања за кривичните дела и можните соучесници.
Демократите во комитетот ја обвинија Максвел дека се обидува да „купи помилување“ со одбивањето да сведочи.
Според Си-Ен-Ен, Трамп досега не ја исклучил можноста да ѝ одобри помилување или намалување на казната.
Трамп и Клинтон, чии имиња се појавуваат во документите објавени од американското Министерство за правда, негираа било каква вмешаност во незаконски активности поврзани со Епстин.
Гилен Максвел во 2021 година беше прогласена за виновна за улогата во сексуалното злоупотребување малолетнички организирано од Епстин и беше осудена на 20 години затвор.
Џефри Епстин во 2019 година беше обвинет пред федерален суд во Менхетен за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација. Тој беше пронајден обесен во својата ќелија додека го чекаше судењето, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

