Свет
Отштета за хинду свештеник од 2,3 милиони долари
Њујоршкиот суд на брачна двојка која е на чело на хинду-храмовите во Квинс и одредил на име отштета да исплати 2,3 милиони долари на еден хинду свештеник, бидејчи во период од седум години, колку што работел за нив, го терале да работи како роб.Сат Пракаш и неговата сопруга Гета прво на свештеникот Девендри Шукли му го земале пасошот, а потоа му дале разни задачи во храмот, но меѓу нив имало и такви за кои не бил квалификуван, а кои вклучувале и работа во нивната куќа и во семејната градежна компанија, каде бил носач, молер и електричар.Неговиот работен ден започнувал во пет часот наутро и завршувал дури во 23 навечер, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“, додавајќи дека платата на свештеникот била 50 долари неделно, дури за 450 долари помалку од таа што му била ветена. Освен тоа, не му било дозволено ниту еднаш да го посети семејството кое останало во Индија.Шукла трпел се бидејќи сакал да заработи пари за да обезбеди подобар живот за своето семејство, но кога еден ден му дошло преку глава од тортурата одлучил да ја тужи брачната двојка.Како што рекол, не се надевал на успех во судот, поради што емотивно реагирал кога ја слушнал пресудата./крај/СМед/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

