Свет
АИ ја осуди дискриминацијата на муслиманите во Европа
Амнести Интернешенал(АИ) во извештајот објавен во вторник ја осуди „дискриминацијата“ на муслиманите во европските земји како Франција и Белгија, како и политичката експлоатација на „предрасудите“.
Во извештајот фокусиран на Франција, Белгија, Холандија, Шпанија и Швајцарија, Амнести Интернешенал ги повикува европските влади „да направат повеќе во соочувањето со негативните стереотипи за муслиманите, разгорувајќи ја дискриминацијата, првенствено во образованието и бизнис заедницата“.
„Наместо да ги осудат тие предрасуди, политичките партии ги охрабруваат во трката за изборни гласови“, оцени Марко Перолини од АИ.
„Одбиваат да ги запослат муслиманките, а муслиманските девојки не можат да одат во училиште само затоа што носат традиционална облека како марамата“, вели Перолини. Тој додаде дека мажите можат да бидат отпуштени заради носењето брада, која се поврзува со исламот.
Во Франција, Белгија и Холандија на работодавците им е допуштена, со што се крши европското право, дискриминација на муслиманите под изговор дека „религиозните или културните симболи ќе ги иритираат колегите или клиентите“, заклучува организацијата за заштита на човековите права.
Европското законодавство на тоа подрачје „се чини неефикасно бидејќи забележуваме сè повисока стапка на невработеност меѓу муслиманите, посебно кај муслиманките со странско потекло“, констатира Перолини.
Во извештајот насловен „Избор и предрасуди:дискриминација на муслиманите во Европа“, објавен по два дена од историскиот резултат на крајната десница во Франција, АИ инсистира на фактот дека „носењето симболи, верска или културна облека, е дел од правото на слобода на изразот“. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

