Европа
Британската министерка за внатрешни работи Меј кандидат за наследник на Камерон

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј во писмо објавено во The Times најави дека ќе се кандидира за наследник на премиерот Дејвид Камерон, ветувајќи дека „ќе ги обедини сите Британци“.
Камерон пред одржувањето на британскиот референдум за останувањето во ЕУ се обврза дека ќе поднесе оставка доколку британските гласачи изберат излегување од Унијата, што се случи преку тесно мнозинство на референдумот кој се одржа на 23-ти јуни.
До 9-ти јули треба да биде познато името на новиот премиер, кога 145 илјади членови на Конзервативната партија ќе гласаат меѓу двајцата финалисти. „По референдумот минатата недела, на нашата земја и треба силен и признат лидер кој ќе го надмине ова доба на економска и политичка несигурност и ќе договори најдобри услови за излегувањето од ЕУ“, пишува Меј.
Таа најавила дека сака да спроведе „радикална програма на општествени реформи“, со што Обединетото Кралство би станало „земја во служба на сите“. „На некого мора да му биде јасно дека владеењето не е игра, тоа е сериозна работа со вистински последици врз животот на луѓето“, рекла британската министерка, алудирајќи на својот противкандидат, поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кој беше меѓу водечките заговорници за излегувањето од ЕУ.
Инаку 59-годишната Меј на должноста министерка за внатрешни работи беше избрана од страна на Дејвид Камерон во 2010-та година, а понекогаш поради своите цврсти ставови е нарекувана и „новата Маргарет Тачер“. Меј е евроскептик, но не се залагаше за Brexit бидејќи остана доследна кон ставовите на премиерот Камерон. Според The Times, таа е „единствената личност која што е способна да ја обедини поделената Конзервативна партија“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин